Најголемиот папучар во Холивуд се плашел од 12 години постарата поранешна сопруга: А дамите мислеа дека никој не му може ништо!

И денес е многу згоден

Најчесто глуми снагатори

Џејсон Момоа, еден од моментално најпопуларните актери во Холивуд неодамна наполни 43 години. Благодарение на извајаното тело и имиџот на снагатор, никогаш не бил попопуларен, а се чини дека и во љубовта конечно му оди сѐ подобро.

Имено, Џејсон долго беше во врска со 12 години постарата Лиса Бонет. Со неа доби две деца, синот Нако-Волф (12) и ќерката Лола (14). Меѓутоа, по раскинувањето со Бонет, никако не можеше да пронајде партнерка со која ќе биде среќен.

Момоа заплови во врска со уште една актерка, Ејза Гонзалес, но раскинаа по само неколку месеци. Сепак, многумина се изненадија кога познатиот заводник повторно бил уловен со Гонзалес пред неколку дена во романтично возење на Мајами, со што двојката и јавно потврди дека се смириле.

https://twitter.com/EizaGonzalez_HQ/status/1552717060966432769?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1552717060966432769%7Ctwgr%5Ee17fe35db02af0f2f4ab4a2cf312b09577827aa4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fljubav%2F184349%2Fdzejson-momoa-se-plasio-bivse-zene

Актерот не сакал туку-така да ги запознае своите деца со новата избраничка, па ја раскинал врската, но емоциите очигледно сепак биле посилни. И покрај тоа, многумина ја поздравија неговата одлука да го стави семејството на прво место, особено ако се земе предвид дека до скоро го носеше прекарот „најголемиот папучар во Холивуд“, токму поради бившата Лиса Бонет.

Тој отворено призна дека правел сѐ што ќе му кажела Лиса и дека дома немал големо право на глас, иако на филмското платно го гледаме во улогите на неодолив снагатор.

Можете ли да си го замислите во таква улога, по ликот во култната серија „Игра на тронови“, но и во хит-филмот „Аквамен“?

Инаку, Момоа по потекло е од Хаваи, а веќе по средното училиште ги презел своите први актерски чекори. Џејсон и тогаш се издвојувал со неверојатната убавина, а до 25-тата година веќе бил огромна ѕвезда во подем.

Најголема слава му донесе токму „Чувари на плажата“, а тогаш жените ширум светот го сметаа за бог што оди по земјата.

Малку е познато дека лузната што му дава посебен шарм ја добил во една тепачка во бар, кога имал само 29 години. Му биле ставени околу 140 конци за време на реконструктивната операција, а напаѓачот бил осуден на пет години затвор.

Момоа го има украсено телото и со бројни тетоважи, а и ден-денес е на листата на најпожелни и најсексапилни мажи во светот.

Џејсон Момоа „заплови“ во нова љубовна врска: Актерот ужива со 10 години помладата колешка! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.