Што прават Хари и Меган Маркл додека ракот им го уништува семејството? Народот никогаш нема да им го прости ОВА!

Испратија јасна порака

Многумина се прашуваат што прават Хари и Меган Маркл додека ракот им го уништува семејството

Принцот Хари и Меган Маркл објавија соопштение откако беше откриено дека на принцезата Кејт ѝ е дијагностициран рак.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија порака до принцезата од Влес:

„Им посакуваме здравје и брзо оздравување на Кејт и на семејството и се надеваме дека тоа ќе можат да го направат приватно и во мир.“

Принцезата од Велс во петокот вечерта објави изјава преку видео за да ги сподели новостите за своето здравје. Во пораката им се заблагодари на обожавателите за нивните прекрасни пораки и за нивното разбирање додека закрепнувала од операцијата.

Се претпоставува дека војводата и војвотката од Сасекс синоќа приватно стапиле во контакт со принцот и принцезата од Велс. Не е јасно дали контактот бил преку телефон, видеоповик или некаква порака за поддршка. Исто така, не е познато дали Хари би одлетал назад во Велика Британија.

Синоќа во Соединетите Држави се потврдило дека војводата и војвотката од Сасекс дознале за состојбата на Кејт дури во моментот кога целиот свет ја дознал веста.

Извори за „Њујорк Пост“ рекле дека двојката немала поим за болеста на Кејт.

Контактот меѓу двајцата браќа го открил кралскиот уредник на ITV, Крис Шип. Војводата од Сасекс претходно ја има опишано Кејт како постарата сестра што никогаш ја немал, кога се свршила за Вилијам пред 11 години. Меѓутоа, неговиот однос со принцот и принцезата од Велс се прекинал по горчливите последици од Мегзит.

Кејт последен пат се видела со Хари по смртта на кралицата во септември 2022 година, кога им се придружиле на своите сопружници на прошетка во Виндзор. Минатите недели, раздорот меѓу Вилијам и Хари бил повеќе од очигледен, бидејќи браќата се појавиле одвоено на комеморацијата за својата мајка принцезата Дијана, а Вилијам ја напуштил церемонијата пред да се придружи Хари преку видео врска.

Останува да видиме дали Хари ќе одлета назад во Велика Британија за да биде покрај принцезата од Велс, со оглед на тоа што тие двајца се зближиле пред една деценија, пред да се случи раздорот во кралското семејство.

Многумина веруваат дека народот нема да им прости на Хари и Меган ако не се појават во Велика Британија, и покрај заладените односи.

Семејството Мидлтон не излегува од домот на принцезата во Виндзор: Сите се покрај Кејт, а еве што ѝ порачал брат ѝ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.