Заработила еден куп пари, па дала отказ за да се грижи за ќерка ѝ: Оваа актерка го живее сонот на секоја жена!

Како живее Камерон Дијаз?

Камерон Дијаз (51) и нејзиниот сопруг Бенџи Маден (44) биле видени со ќеркичката Редикс пред нивната вила во Монтесити

Актерката Камерон Дијаз била една од најбараните актерки во Холивуд, заработувала неверојатни суми на пари, но во 2014 година одлучила дека ѝ е доста.

Со оглед на тоа што работела уште од детството, Камерон на 42 години одлучила да си го промени животот од корен. Прво се повлекла од глумата, а потоа почнале да ѝ се случуваат неверојатни работи.

Истата година го запознала седум години помладиот музичар Бенџи Маден, за кого подоцна зборувала дека е нејзината сродна душа во која се вљубила на прв поглед.

Се запознале преку Никол Ричи, која се омажила за братот близнак на Бенџи. Интересно е што Камерон и Бенџи со години се движеле во исти кругови, а никогаш не се запознала. Но кога конечно се сретнале, знаеле дека тоа е тоа.

„Тоа беше една од оние ситуации, за кои луѓето велат: ‘ќе знаеш кога ќе се случи’. А јас бев во фазон ‘што ќе знам?’. Потоа го видов него и знаев, едноставно знаев дека тој е мојот иден маж“, раскажала Камерон Дијаз.

Двојката била свршена до крајот на 2014. година, а во 2015. година се венчале.

„Се венчавме во нашата дневна соба пред пријателите“, признал Маден кој многу си ја штити приватноста и ретко зборува за Камерон и нивниот брак.

Четири години по венчавката, двојката ја добила ќерката Редикс. Никогаш не откриле дали го добиле детето преку сурогат-мајка или го посвоиле, но несомнено им го сменило стилот на живот.

Прекуноќ, славната актерка и музичарот станале посветени родители кои целото свое слободно време го трошат на детето.

Во меѓувреме, Камерон можеби не прифаќа нови улоги во Холивуд, но досега има издадено три книги: „Наука на стареењето“, „Биологија на силата“ и „Привилегијата на времето“.

Таа, исто така, инвестирала во неколку здравствени и биотехнолошки стартапи, вклучувајќи ги Seed Health и модерна акупунктура.

Летото 2020 се здружила со деловната партнерка Кетрин Пауер и лансирале сопствен бренд на органско вино, Avaline.

Од сето тоа, Камерон денес одлично заработува, а повторно ѝ останува повеќе од доволно време за семејството и за ќерка ѝ, за која вели дека е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.