Сопругот ја посрамотил пред целиот свет, па набрзина се оженил со друга: Но таа му се одмаздила на генијален начин!

Како Џенифер Гарнер ги воспитува децата?

Никој не може да ве понижи освен самите вие, а Џенифер Гарнер е доказ за тоа

Бен Афлек и Џенифер Гарнер поминаа низ ужасен развод во 2016 година, кога целиот свет можеше да види како актерката плаче на паркинг, криејќи се од децата, во очаен обид да го опамети сопругот.

Но тој бил решен да ја остави, бидејќи веќе не го интересирале ни семејството ни децата. Подоцна зборувал дека имал проблеми со алкохолизам, индиректно обвинувајќи ја поранешната сопруга за својата очајна состојба.

И додека поминувал низ бурна романса со Ана де Армас, а потоа низ чудно смирување и брзоплет брак со Џенифер Лопез, неговата поранешна жена трпеливо се занимавала само со децата, без да се истакнува и да прави врева.

Џенифер Гарнер е жена која со двете нозе цврсто стои на земја, што се гледа по нејзиниот став и однесување. Секогаш насмеана, добро расположена и во друштво на своите деца, оваа актерка е доказ дека доброто со добро се враќа.

Како шлаг на тортата, неодамна осамнаа папараци-фотографии кои ја прикажуваат Џенифер во друштво на ќерката и синот. Децата биле насмеани и ја прегрнувале својата мајка. Поради оваа очигледна поврзаност на актерката со децата, сите се интересираат како успеала во тоа? Која е тајната на родителството на Џенифер Гарнер?

„Иако сум славна личност, чувствувам дека живеам нормален живот, а своите деца ги обожавам. Го сакам дури и целиот неред што го носи родителството. Да се биде родител, тоа е подарок. Одржувам здрав однос со поранешниот сопруг поради децата.

Меѓутоа, најголем предизвик е да се биде успешна деловна жена и мајка истовремено. Сите ти велат: ‘Времето лета, имаш уште малку време, наскоро ќе наполнат 18 години и ќе си заминат’. И тоа ми создава страшна паника.

Чувствувам страшна вина кога морам да работам и да ги оставам децата. Но се придржувам до реченицата на мајка ми, која ми е голема утеха: ‘Ти засекогаш ќе бидеш нивна мајка, не грижи се и слободно врши си ја својата работа. Секогаш ќе бидеш нивна мајка и никој не може да го промени тоа. Твоите деца утре ќе бидат многу горди на тебе.’“

Тајната на родителството на Џенифер Гарнер е во тоа што таа им е голема поддршка на своите деца, тука е за сите нивни проблеми и радости во животот, додека истовремено живее најдобро што знае, градејќи ја својата кариера.

Бившата жена на Афлек ја искритикувала Џеј Ло: Џенифер Гарнер проговорила на чувствителна тема
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.