Бившата жена на Афлек ја искритикувала Џеј Ло: Џенифер Гарнер проговорила на чувствителна тема

Дознајте повеќе

Џенифер Гарнер се гордее со својата природна убавина и кога станува збор за разубавувањето на нејзиното лице, многу внимава на какви третмани се препушта

Џенифер Гарнер е родена во Тексас и има 50 години. Неодамна ги открила тајните на својата убавина за Harper’s Bazaar, како и советите што сака да им ги пренесе на своите две ќерки тинејџерки кои ги има со поранешниот сопруг Бен Афлек: Вајолет Ен Афлек (16) и Серафина Роуз Елизабет Афлек (13).

„Мојот совет е помалку да се гледате во огледало и да бидете внимателни кога станува збор за вбризгување нешто во лицето. Бидете многу, неверојатно многу разумни и почекајте што е можно подолго за да додадете нешто“, рекла ѕвездата.

Во време кога 20-годишни девојки се одлучуваат за ботокс, Гарнер исто така ги предупредила младите:

„Немојте да мислите дека имате 37 години и дека мора да го пумпате лицето со сѐ и сешто.“

Всушност, актерката од филмот „Денес 13 утре 30“ смета дека сите би можеле помалку да се окупираме со својот изглед:

„Помалку гледајте се во огледало, не бидете опседнати и гледајте го светот за да видите на што би можеле да го искористите вашето време наместо на тоа. Сите ги гледаме своите лица повеќе од луѓето некогаш и тоа не ни помага. Опседнати сме со промените и со тоа како да поправиме нешто на своето лице.“

Прекрасната актерка не е единствената ѕвезда што ги има изразено своите резерви во врска со инјекциите. Бизи Филипс неодамна открила дека нема ботокс и филери и дека се разочарува кога многу млади жени почнуваат да си играат со своите лица.

Исто така, Кејт Бекинсејл се лути кога луѓето претпоставуваат дека коригирала нешто и дека за сега го одбегнува тоа од страв дека ќе си го парализира своето лице. Сепак, иако Џеј Ло и понатаму негира дека има ботокс, никој не може навистина да поверува во тоа, па можеме само да си замислиме колку ја навредиле зборовите на првата жена на Афлек.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.