Најмеките и највоздушестите мекици без квасец: Рецепт по кој полудеа повеќе од 2 милиона луѓе

Не постои подобро тесто

Направете одлични мекици без квасец со состојки што веќе ги имате дома

Мекиците се вкусно печиво што можете да го јадете со солени или слатки прилози, бидејќи одлично одат со чаша јогурт и крем-сирење, како и со домашен џем. Сите состојки што ви требаат ги имате дома, па не мора да одите ни до продавница. Исклучително вкусни, меки и воздушести – не постои човек што ќе ги одбие!

Состојки:
  • 350 г брашно
  • 10 г прашок за печиво
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 225 мл ладно млеко
  • 2 рамни лажички сол
  • 12 мл масло
Приготвување:
  • Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата бикарбона, солта и постепено сипувајте млеко.
  • Соединете ја смесата, па сипете масло.
  • Замесете тесто и покријте го, па оставете го да отстои 40 минути.
  • Потоа премесете го тестото, завиткајте го во проѕирна фолија, па оставете го да одмори 4-5 часа на собна температура или ставете го во фрижидер преку ноќ.
  • Расучете тесто со прсти или со сукало, на 1/2 см дебелина, па пресечете ленти.
  • Потоа, земете стапче за раженчиња и намокрете го малку.
  • Притиснете ја со него секоја лента тесто на средината, а потоа ставете две ленти една врз друга и повторно притиснете на средината.
  • Пржете ги во загреано масло.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.