Дрејк ја шокираше јавноста: Носи двоглав орел во чест на Денот на независноста на Албанија! (ВИДЕО)

Шокантно...

Ултрапопуларниот канадски рапер Дрејк шокираше многу обожаватели ширум светот, откако во спотот на неговата нова песна „Polar opposites“ оддаде почит на Албанија носејќи на себе двоглав орел.

Имено, вчера на 29-ти ноември, ден откако Албанија го прослави Денот на независноста, Дрејк го објави својот нов видеозапис со кој ја шокираше нацијата. Раперот и група момци седат околу билјардот и сите носат исти црвени јакни, со симболот на двоглавиот црн орел на албанското знаме.

-Денот на независноста на Албанците можеби беше вчера, но Дрејк не мисли дека е доцна да се приклучи на прославата – вака напиша магазинот „Ролинг Стоун“ за новиот спот на популарниот канадски рапер.

Во текстот на песната се споменува дури и Приштина и состојбата која со години е тензична во подрачјето на Косово и Метохија.

По објавувањето на спотот на социјалните мрежи Дрејк доби многу коментари од неговите фанови Албанци, со пофални и благодарни зборови за оддадената чест на Денот на независноста од страна на раперот.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.