Дрејк ветил дека од свој џеб ќе ја исплати хипотеката од 160.000 евра на обожавател чија мајка починала! (ВИДЕО)

Браво Дрејк!

Познатиот рапер Дрејк неодамна на концерт во Канзас Сити ја воодушеви публиката не само со својот настап, туку и со прекрасен и грижлив гест.

За време на настапот добил порака од обожавател чија мајка починала, а раперот ветил дека ќе ја исплати хипотеката која ја оставила зад себе.

Сцената се појави на TikTok и на социјалната мрежа X, на видеото гледаме како Дрејк ја отвора пораката и ја чита:

„Што е ова? Мајка ти починала? И должите… О, ова е многу. Неверојатна сума на пари. Знаеш што? Јас наместо тебе ќе ја платам куќата“ – рече пејачот и ја воодушеви публиката.

Подоцна пред присутните откри дека станува збор за 160.000 долари, кои познатиот рапер би ги платил од свој џеб.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.