Уапсен светски познатиот рапер 6ix9ine: Обвинет е за семејно насилство!

Страшна работа...

Властите од Доминиканската Република го уапсија американскиот рапер Даниел Хернандез, попознат како „6ix9ine“. Тој наводно е обвинет за семејно насилство, поради што моментално е во затвор во главниот град Санто Доминго.

Раперот беше уапсен на 17 јануари, но деталите сè уште не се објавени.

Да потсетиме, тој во октомври беше уапсен во еден крајбрежен хотел во Доминиканската Република откако беше обвинет за напад на локален музички продуцент.

Хернандез, исто така, претходно беше обвинет во САД за насилство, но го избегна затворот откако сведочеше против Nine Trey Gangsta Bloods.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.