Што да направите за шминката подолго да остане на вашето лице?

Повелете неколку совети...

Веројатно еднаш ви се случило шминката што ја ставате на лицето наутро да „исчезне“ или целосно да се размачка по неколку часа. Целиот напор што го вложувате за да изгледате совршено се брише и на крајот изгледате како да не сте направиле ништо.

Затоа ви препорачуваме да ги прочитате нашите совети кои сигурно ќе ви помогнат да се справите со овој проблем. Отсега нема да морате премногу да се грижите за вашата шминка, бидејќи таа ќе биде таму, исто како што била пред неколку часа кога првпат ја нанесовте.

1. Направете пилинг на вашата кожа

Нежно отстранете ги мртвите клетки од кожата на лицето со помош на ракавица или некоја друга мека крпа и препарат за пилинг.

2. Потоа нанесете хидратантна крема

За да не се најдете во ситуација кожата да ви се лупи заедно со пудрата, но и доволно да ја нахраните по лупењето – намачкајте ја со хидратантна крема која има лесна формула – дури и ако имате мрсна кожа. Откако ќе ја нанесете кремата, почекајте неколку минути кожата целосно да ја впие.

3. Прајмер

Ако сакате вашата шминка навистина да трае долго, тогаш треба да користите прајмер. Прајмерот ќе ја додаде функцијата на заштитна бариера на пудрата, па кога вашата кожа ќе стане сува или мрсна во текот на денот, нема да дозволи се да се „растопи“.

4. Проверете ја пудрата

Формулите без масла траат подолго кога се ставаат на лицето, но ако лицето ви е суво, најдобро е да користите подлога која има навлажнувачки својства. Затоа, секогаш избирајте течна или кремаста подлога за да избегнете дамки.

5. Користете две руменила

Оваа техника се нарекува „сендвич“ – кога нанесувате крем руменило пред и руменило во прав после нанесување пудра. На овој начин ќе ја задржите бојата на место во текот на целиот ден. Најдобро е да користите едно руменило во портокалова нијанса, а друго во розова за да создадете природен ефект на руменило.

6. Нанесете кармин во слоеви

За усни кои сè уште ќе имаат боја после пиење кафе, треба да се изгради еднобојна боја во слоеви. За ова ќе ви треба  пудра, кармин и молив во слична боја. Најпрво нанесете малку камена пудра преку усните, а потоа со молив подцртајте ги надворешните линии на усните. Исто така со моливот пополнете усните, а потоа нанесете кармин на самиот крај.

7. Користете водоотпорна маскара

Ова е најдобриот начин да избегнете размачкани очи поради отстранување на маскарата. Ако водоотпорната маскара премногу ви ги суши трепките, нанесете ја како последен слој, над класичната маскара што вообичаено ја користите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.