Снуп Дог доби понуда од 100 милиони долари за да се снима за OnlyFans!

Дали вие би прифатиле ваква понуда?

Фото: Инстаграм

Раперот Снуп Дог откри дека добил неверојатна понуда да снима за „OnlyFans“, но ја одбил поради семејството и сопругата. Тој во едно гостување откри дека важел за добар кандидат откако другите корисници пронашле успех на платформата.

„Ми пријдоа кога една од тие девојки таму заработи околу 20 милиони долари“ – рекол раперот и додал:

„Тие рекоа: „OnlyFans сака да дојдеш таму, Снуп. Можете да заработите околу 100 милиони долари. Се што треба да направите е да ја извлечете таа работа“ – рекол раперот и додал дека морал да одбие бидејќи има „црна сопруга“.

„Нема шанси на светот да ме пушти да излезам таму и да ја направам таа работа за толкава сума пари“, рече Дог, мислејќи на неговата сопруга.

Не е јасно кои се точните услови на потенцијалниот договор, но ангажирањето на Снуп Дог не би било изненадувачки чекор за социјалната платформа. Имено, рап уметниците како Иги Азеалија и Тајга имаат профили. Бизнисот цвета и за OnlyFans, кои забележаа раст на бруто плаќањата на корисниците за 17%, од 4,8 милијарди долари во 2021 година на 5,6 милијарди долари во 2022 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.