Оваа пејачка не само што има добар глас, туку има и добра душа: Она што ѝ се случило на концертот е неверојатно!

Никогаш никому не му се случило ова

Велат дека добриот глас далеку се слуша, а Гвен Стефани е доказ за тоа, бидејќи нејзиниот глас му бил утеха на едно момче во најтешките негови мигови

За време на еден настап, пејачката Гвен Стефани забележала нешто интересно во публиката. Имено, еден од нејзините обожаватели подигнал рака со испишан натпис, но Стефани колку и да се трудела, не можела да го прочита од бината. Верна на својата желба да се поврзе со обожавателите, Стефани замолила една жена да ѝ го проследи транспарентот за да може да го прочита.

Кога пејачката ги прочитала овие зборови на глас, нејзиното срце веднаш се стопило. На натписот пишувало:

„Мојот син го малтретираа од 1. до 5. одделение. Секој ден доаѓаше дома вознемирен, но потоа одеше во својата соба и се смееше додека ја слушаше твојата музика.“

Откако ги прочитала овие зборови што длабоко ја трогнале, Стефани знаела дека не може да продолжи со својот настап, па покажала кон момчето по име Брендон и извикнала:

„Качувај се горе!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani)


Членови на публиката успеале да му овозможат на Брендон премин до бината, а тој неочекувано се нашол лице в лице со својот идол. Тоа е незаборавен момент што сигурно ќе го памети засекогаш.

Гвен Стефани ги земала двете раце на Брендон, победнички подигнувајќи ги во воздух, по што следела топла прегратка, а момчето не можело да ги сопре солзите. Во тој момент, тој стекнал самодоверба и добил сила да им се спротивстави на своите насилници.

Стефани го споделила овој момент со своите обожаватели и напишала:

„Пред околу 3 години, кога ми беше тешко во животот, секој ден му се молев на Бог да добијам шанса да ја искористам дарбата што ми ја дал Бог и да го променам светот на некој начин – ова дете беше одговорот на моите молитви.“

Гвен Стефани му се заблагодарила на Брендон за неговата посветеност на нејзината музика. Потоа, истакнала дека музиката има поголемо значење од кои било негативни коментари што можат да ги изговорат насилниците.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.