Бруна го оставила Нејмар само еден месец по породувањето: Еве што ја прелило чашата!

Случувањата на крајот од октомври биле капката што ја прелила чашата

Таа потврдила дека официјално не се веќе заедно, без разлика што само пред еден месец добиле ќеркичка

Сега е и официјално дека фудбалерот Нејмар и инфлуенсерката Бруна Бјанкарди го прекинале секој однос, и тоа само еден месец откако добиле ќеркичка.

Бруна не открила детални причини зошто се разделиле, но на својот инстаграм-профил објавила дека не се веќе заедно. Тоа и не било големо изненадување, со оглед на тоа што нивниот однос бил многу турбулентен претходните месеци, па можело да се очекува дека ќе дојде до вакво нешто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Фудбалерот ја изневерил својата партнерка за време на нејзината бременост, а таа во тој период поминала преку тоа за да помине породувањето без драми, но не му ја простила оваа постапка и покрај неговите извинувања.

„Ова е приватна работа, но со оглед на тоа што секојдневно сум изложена на вести, претпоставки и шеги, морам да ве известам дека не сум во врска. Ние сега сме родители и тоа е единствената причина за нашата поврзаност. Се надевам дека веќе нема да ме поврзувате со такви вести и трачови. Благодарам“, напишала оваа 29-годишна инфлуенсерка од Бразил.

Наводно, тие имале три правила кои му дозволувале на фудбалерот да биде неверен, но под одредени услови. Имено, Нејмар можел да има и друга девојка, сѐ додека бил дискретен во таквите односи, но му било забрането да спие со проститутки или да има интимни односи без заштита, како и да ги бакнува в уста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Нејмар пред неколку месеци првпат бил уловен во неверство. Признал што направил и ѝ се извинил на девојка му со емотивна порака.

„Бру, забележав колку беше изложена на медиумски притисок, колку страдаше поради сето тоа и колку сакаш да бидеш покрај мене. И јас сакам да бидам покрај тебе. Згрешив и ти нанесов неправда. Секој ден правам грешки, но приватните ги решавам дома со семејството и пријателите. Не можам да си го замислам својот живот без тебе. Не знам дали ќе успее ова, но сигурен сум дека сакам да се обидеме. Сонувам да бидам со тебе. Се надевам дека нашата љубов и љубовта кон нашето бебе ќе победи и ќе нѐ направи посилни“, напишал тој во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)


Последниот пат кога Нејмар ја изневерил својата партнер, наводно, ја прелил чашата. Тоа се случило на забава на 28. октомври во неговата вила во Мангаратиби, во близина на Рио де Жанеиро. Се чини дека Бруна немала веќе трпение за неговото однесување.

Старлетата добила порака од Нејмар, па јавно ја објави: „Не го правите ова на вашите жени“ (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.