Не можела да ја скрие злобата на лицето додека не му го уништила животот на бившиот: Таа се перчи, додека тој не смее да излезе на улица од срам

Што прави Анџелина додека Бред се распаѓа?

Многумина се прашуваат што прави Анџелина Џоли додека Бред Пит се распаѓа, откако се најде на столбот на срамот

Анџелина Џоли била фотографирана во Милано со филмските колеги, а во таа пригода не ја симнувала насмевката од лицето. Тоа, воедно, е и нејзиното прво појавување во јавност по скандалот во којшто се најде заедно со поранешниот сопруг Бред Пит. Многумина ја осудија дека ги врти децата против него.

Имено, Бред Пит беше окарактеризиран како најлошиот татко на светот, кој не се грижи за своите деца. Додека ќерка му се откажала од неговото презиме, синот јавно го изнел своето ужасно мислење за славниот актер. Пред три години, Пакс му упатил навредлива порака на татко му, а интересно е што таа беше објавена дури сега, поради што многумина веруваат дека се води кампања против актерот.

Анџелина и Бред Пит не се во добри односи од самата разделба, додека актерката неколку пати го обвини славниот заводник дека е алкохоличар, како и дека бил насилен кон неа и децата. Меѓутоа, некогашната дадилка на нивните деца открила дека, всушност, Анџелина била таа која пиела, како и дека децата биле надвор од контрола, што своевремено Бред Пит се обидел да го спречи.

Актерката еден период се смири, па војната меѓу поранешните сопружници беше замрзната. Но откако актерот му се посвети на својот физички изглед и си најде нова девојка, Анџелина реши повторно да започне конфликт.

Додека Бред Пит беше на удар на позитивни коментари и комплименти, Анџелина се распаѓаше, па со денови беше во лошо расположение. Многумина коментираа тогаш дека „злобата ја изела“.

Таа е морбидна мајка, на децата им дава да пијат алкохол: Дадилката откри каков родител е Анџелина Џоли! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.