Била зависна од опијати, се борела со депресија и ја изгубила косата: Вака изгледа денес актерката од „Династија“

Како изгледа денес актерката од познатата ТВ-серија?

Во 1980-тите ја играла Кристл Карингтон во сапуницата „Династија“ и зад себе има кариера што трае повеќе од 60 години

Американската ТВ-серија „Династија“ и нејзините ликови пред половина век доживеале неверојатна популарност, која не може да се спореди со ниту една ТВ-серија од денешницата.

Секоја вечер во осум часот навечер улиците се празнеле, а љубовта, интригите и борбата за моќ на богатото семејство Карингтон го заробувале вниманието на целиот свет. Точно, тоа било сапуница, но никој не можел да ѝ одолее.

Меѓу главните ликови била Кристл, саканата сопруга на нафтениот магнат Блејк Карингтон. Така актерката Линда Еванс станала најславното ТВ-лице на светот и синоним за убава, лојална и толерантна сопруга, кога ги победува сите сплетки и зли дела.

Еванс е родена во 1942 година во Конектикат, САД. Двапати се мажела, но немала многу среќа во љубовта. Првиот сопруг Џон Дерек ја изневерил со актерката Бо Дерек, која во тој момент била 30 години помлада од него.

И нејзиниот втор брак со Стен Херман завршил со развод по четири години, во 1979. година. Имала и бурна едногодишна врска со музичарот Јаниј, кој ја поттикнал да подлегне на естетски операции.

Актерката го освоила светот со своите неверојатни сини очи, а сите биле воодушевени од тоа колку убаво стареела. Сепак, сето тоа се променило во 2017 година, кога испливала снимка од нејзиното апсење.

Линда, која со години имала проблеми со зависност од лекови против болки, била уапсена во 2014 година поради пребрзо возење под дејство на опијати, кога на задното седиште од нејзиниот џип биле пронајдени купишта пилули.

Тогаш се појавила и спорната снимка на која таа нема ни грам шминка и е под видно дејство на некои супстанции, но која вешто била криена наредните три години.

Актерката со години страдала од неподносливи болки во грбот, кои биле толку силни што на моменти помислувала да си го одземе животот. Тоа ја натерало на неумерено користење медицински средства.

Покрај од физички болки, таа со години страдала и од депресија, а подоцна, поради терапијата и агресивното лекување на проблемот со грбот, се соочила и со губење на косата, поради што морала да носи перика.

Денес истакнува дека единствената лекција што ја научила во животот е да се прифатиш себеси каков што си:

„Мислев дека грижата за себе подразбира одење во бања или шопинг, за да се чувствуваш подобро. Ми требаше многу време за да сфатам дека тоа доаѓа однатре. Животот ме научи дека морам да се сакам себеси и млада и стара, и слаба и дебела“, искрено изјавила Еванс.

Џоан Колинс 4 години била во брак од пеколот: „На првиот состанок ме силуваше, бев невина, па се омажив од срам!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.