Џоан Колинс 4 години била во брак од пеколот: „На првиот состанок ме силуваше, бев невина, па се омажив од срам!“

Страшно!

„Мајка ми тогаш ми кажа дека сум била искористена, а денес тоа се вика силување“, признала актерката

Актерката Џоан Колинс во документарниот филм „Ова е Џоан Колинс“ открила шокантни детали од својот живот.

Првиот сопруг, Максвел Рид, ја силувал на првиот состанок.

„Тој имаше 31 година, а јас бев 17-годишна девица. Ме дрогираше додека бевме во неговата куќа и среде ноќ си дојдов при себе, се разбудив во неговата дневна соба, додека тој имаше секс со мене. Тогаш, мајка ми ми кажа дека сум била искористена. Сега, тоа го викаме силување на состанок“, тврди актерката.

По ужасната сцена, таа се омажила за него од срам, но тоа не е единствениот ужас што го поминала со тој човек.

„Да не бев толку невина кога станува збор за сексот и за тоа како би требало да изгледаат работите, не би го направила тоа, но имав силно чувство на вина, па сепак го направив тоа. Медениот месец беше чисто фијаско. Однадвор изгледавме среќно, а всушност бев мизерна“, објаснила таа.

Исто така, поранешниот сопруг сакал да ја продава на повозрасни мажи на една ноќ по цена од десет илјади фунти. Познато е дека со него била речиси четири години и проживеала страшни сцени.

Откако побарала развод од Рид, тој барал 950 фунти месечно од актерката, а како причина го навел тоа што тој ја „открил“. Актерката објаснила дека токму тој пеколен брак ја чинел 2 милиони фунти.

Инаку, Џоан е најпозната по улогата Алексис Колди во легендарната ТВ-серија „Династија“. По првиот развод се омажила уште четири пати, а моментално е во брак со 30 години помладиот Перси Гибсон.

Се венчавала 5 пати а имала двојно повеќе љубовници: „И пак да се родам би живеела исто – не се каам за ништо!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.