Поради неа, Мик Џегер ја оставил жена си по 22 години врска: Убавата Лусијана сега се бакнува со двојно помлад дечко!

Никој ништо не ѝ може

Таа влетала во животот на Мик Џегер и направила дар-мар

Лусијана Хименез (52), поранешната љубовница на Мик Џегер, уживала во страсните бакнежи со својот дечко Ренато Бреј, додека се шетале на бразилските плажи. Манекенката и водителка ја покажала својата неверојатна градба во провокативно бело бикини, додека парадирала на плажата.

Лусијана, која го добила синот Лукас (22) со рокерот од Ролингстонс, Мик Џегер (78), деновиве гордо се шетка со економистот Ренато, кој започнал врска со Лусијана во јули минатата година.

Не се знае точно колку, но Ренато е значително помлад од убавата водителка, а на плажа носел црни тесни гаќички за капење, кои го нагласувале неговото извајано тело.

Мик Џегер имал афера со Лусијана зад грбот на тогашната партнерка Џери Хол, што резултирало со раѓањето на Лукас во 1999 година. Лусијана открила дека е бремена со дете на Мик во 1998 година по осуммесечната афера, поради која Џери и Мик раскинале, чија врска траела 22 години. Во 1999 година Мик Џегер рекол дека Лусијана била капката што ја прелила чашата во неговата врска со Џери Хол. Лусијана за Џери рекла вака:

„Не знам што чувствува кон мене, но разбирам дека веројатно сум ја повредила.“

Мик, кој моментално е во врска со балерината Меланија (34), има уште седум деца од различни деца. Неговото прво дете, ќерката Карис (51), се родило како резултат на врската со актерката и пејачка Марша Хант, а потоа ја добил ќерката Џејд (50) со својата тогашна сопруга Бјанка. Џегер исто така има четири деца со Џери Хол: ќерките Елизабет (37) и Џорџија (29) и синовите Џејмс (35) и Габриел (24). Неговото најмладо дете е синот Деверок, кого го добил во врската со партнерката Меланија.

Ја изневерувал на секој чекор, а по него не се венчала со друг: „Нашиот брак беше завршен уште на денот на свадбата!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.