Се венчавала 5 пати а имала двојно повеќе љубовници: „И пак да се родам би живеела исто – не се каам за ништо!“

Исповед

За својата потенцијална афера со Боби Кенеди зборувала во интервју со Пирс Морган

Џоан Колинс во едно интервју се присетила на флертот со Боби Кенеди, но открила сѐ од почит кон неговата вдовица, која би можела да биде повредена од тие информации.

Легендарната актерка Џоан Колинс (87) открила дека пред многу години одбила да се впушти во врска со братот на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Боби Кенеди во тоа време бил политичар во подем и се шушкало дека би можел да стане и следниот американски претседател, а Џоан била актерка во подем. Сето тоа му го открила на својот пријател, британскиот водител Пирс Морган.

„Вдовицата на Боби, Етел, е жива и не би сакала да навлегувам во премногу детали, бидејќи не сакам да ја повредам“, му кажала Џоан на Пирс во големото интервју.

„Јас сум мажена, ти си оженет. А толку беше харизматичен“, раскажала актерката потсетувајќи се на Боби Кенеди.

Поранешниот американски главен секретар бил познат женкар, а меѓу убавиците со кои го поврзувале биле и Ким Новак, Ли Ремик и Мерилин Монро. Џоан Колинс сега нагласила дека тој бил вистински џентлмен, па не ја чуди што многумина паѓале на него. Нагласила дека точно се сеќава на денот на неговото убиство и на тоа колку била тажна.

„Тој ќе беше прекрасен претседател. Знам дека многумина не го сакаа, но никој кој бил толку харизматичен и паметен не бил популарен меѓу политичарите“, рекла Џоан за Боби, кого го убиле пет години откако во престрелка во Далас бил убиен брат му Џон Ф. Кенеди.

Џоан Колинс оваа година слави 70-годишнина од својата богата кариера. Легендарната убавица запловила во брачните води пет пати, а на Морган му признала дека не се кае за ништо.

Џоан Колинс: Луѓето денес не се дотеруваат како порано
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.