Свршеникот ненадејно ѝ почина, сопругот ѝ се самоуби, а најголемиот заводник ја изневеруваше: Сепак Елизабет Харли изгледа ОДЛИЧНО!

Легендата на крикетот и поранешен свршеник на актерката Елизабет Харли, Шејн Ворн, ненадејно почина во 2022 година на 52-годишна возраст. Во известувањето на медиумите се наведува дека тој починал од срцев удар. Покрај спортските подвизи и резултати, јавноста ќе ја памети токму по романсата со познатата британска актерка Елизабет Харли.

Елизабет Харли на Твитер напиша еден ден по објавувањето веста за смртта на Шејн:

Како сонцето засекогаш да замина зад облаците. Почивај во мир, љубов моја.

Инаку, актерката нема среќа во љубовта. Нејзиното емотивно минато вклучува мажи кои ја изневеруваа и такви што повеќе не се живи.

Актерот Хју Грант ја изневери Лиз Харли со проститутка. Таа потоа доби син во кратка романса со милионерот и продуцент Стив Бинг, кој пред две години се самоуби скокајќи од 27-от кат, а сега неочекувано и прерано почина и нејзиниот поранешен свршеник Шејн Ворн.

Елизабет Харли и Хју Грант беа во емотивна врска 13 години. Дали таа бројка сама по себе беше непријатна е ничија претпоставка, но парот се раздели. Мирно, без скандали и врева, а за тоа сведочи фактот што останаа во пријателски односи – толку добро што ѕвездата на филмовите „Всушност љубов“ и „Четири свадби и погреб“ е кум на нејзиниот син Демијан, кого го доби во бракот со милионерот Стив Бинг.

Меѓутоа, она што долго ќе одекнува во јавноста кога ќе се спомнат имињата на поранешната актерска двојка, е неговата прељуба далечната 1995 година со проститутката со „уметничко име“ Дивијан Браун.

Медиумскиот скандал изби откако новинарите дошле до полицискиот извештај во кој пишувало дека службениците ги пронашле во моментот кога „продавачката на љубов“ орално го задоволувала актерот во неговиот автомобил паркиран на булеварот Сансет во Лос Анџелес.

Елизабет му прости на Грант, но емотивната врска ја прекинаа во 2000 година.

Една година подоцна, таа започна романса со продуцентот Стив Бинг, а двојката набрзо го доби синот Демијан, кој Бинг одби да го признае. Но со ДНК-анализа е утврдено дека тој му е татко на момчето и дека е должен да плаќа алиментација.

На 22.6.2020 година, Бинг скокна од 27-ми кат и си го одзеде животот откако долго време страдаше од депресија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.