Ана Кокиќ отворено за своите наследнички – пејачката испрати моќна порака

Не кријте ја вашата среќа!

Фото: АТА

Пејачката Ана Кокиќ има две ќерки, кои ги доби во бракот со поранешниот сопруг Никола Раѓен, и кои никогаш ги нема експонирано во јавноста, па затоа ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога објави фотографија од нив.

Не сум мајка која често ја споделува својата радост и гордост (да се разбереме, немам ништо против тоа!), но деновиве сум особено емотивна и ранлива затоа што сфатив дека и двете прават големи чекори и уште поголеми успеси. Секој нивен сон го носам во срцето, секоја петка ја славам како медал, секој медал го залевам со солзи… Се сметам за многу успешна жена бидејќи ги имам нив две такви какви што се! Поголеми од секоја моја песна, поголеми од секој мој концерт и поголеми од секоја моја желба! И поголеми од мене (иако тоа не е тешко кога станува збор за мојата висина), иако само што почнаа да растат, во секоја смисла! Во овој момент не можам да ги најдам вистинските зборови за оваа љубов што ја чувствувам кон вас! Вие сте мојот свет – напиша пејачката во опсиот на фотографијата на која позира со наследничките.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Kokic (@anakokicmusic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.