Мажот ја мачел и ѝ го одзел детето, а таа објави трогателна фотографија и ги расплака сите (ФОТО)

Не ѝ е лесно!

Познатата пејачка објави снимка со синот.

Животот на босанската пејачка Селма Бајрами доживеа голем пресврт во декември 2020 година, кога почна нејзината борба за старателство над синот кој ѝ беше одземен од прегратките.

Таа се повлече од сцената по разводот со Мујо Мусиќ, а неодамна се врати и проговори за агонијата што ја преживеала.

Тогаш беше донесена одлуката мојот син да му припадне на неговиот татко. Поради короната, судовите не работеа како што треба и постојано имаше доцнења. Малку пред тоа му го откажав полномошното на мојот адвокат зашто не бев во состојба да му платам. Како што знаете, поради пандемијата, ние пејачите бевме загрозени. Тогаш немав пари, земајќиу предвид дека цело време се бранев од овој човек кој ме напаѓа со години и кој со се’ и сешто ме оцрнува како мајка – изјави Селма Бајрами.

Преживеав и физичка и психичка тортура и разни понижувања. Тој продолжи да употребува тешки навреди за време на самиот процес на развод. Најмногу ме боли што ми се одмаздува преку синот. Има право да го гледа двапати месечно, но често го задржува подолго и го враќа на третиот ден – изјави претходно Селма и откри дека го изгубила старателството над нејзиниот син Дарис за време на пандемијата на коронавирусот.

Селма на својот инстаграм-профил објави трогателни моменти со својот син, за кој се уште се бори

Фото: Printscreen Instagram

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.