Кој ќе го наследи огромното богатство на Метју Пери? Колку и да трошел, веднаш заработувал двојно!

Парите се лепеле за него

Актерот Метју Пери починал во своето џакузи, а странските медиуми наведуваат дека починал од давење, додека не биле пронајдени никакви недозволени супстанции во неговиот дом

Актерот Метју Пери на јавноста најпознат ѝ беше по улогата на Чендлер Бинг во „Пријатели“. Имал 54 години и живеел сам во својата вила.

Зад себе оставил огромно богатство кое се брои во милиони. Актерот добивал по 800 илјади долари за секоја епизода во 7. и 8. сезона на ТВ-серијата „Пријатели“, а до милион долари за секоја епизода од 9. и 10. сезона.

Се шушка дека заработил околу 90 милиони долари за улогата на Чендлер Бинг.  Според странските медиуми, се претпоставува дека имал околу 120 милиони долари во моментот кога починал.

Актерот во 2022 година ја издал книгата „Пријатели, љубовници и големо страшно нешто: мемоари“, која станала бестселер и која била распродадена за кратко време.

Покрај тоа, Метју Пери бил познат на пазарот за недвижнини во Калифорнија, па така во 2015. и 2021. година продал дури четири недвижнини од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.

За неговиот последен дом во јуни 2023. година платил 5 милиони долари.

Кој ќе го наследи сето ова богатство?

Со оглед на тоа што Метју Пери немал деца и не бил оженет, сето богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој исто така е актер) и Сузан Ленгфорд (поранешна секретарка за медиуми на канадскиот премиер Пјер Трудо).

Како Метју Пери сакал да го паметат луѓето?

Во една пригода, актерот го одговорил ова прашање:

„Кога ќе умрам, знам дека луѓето ќе зборуваат само за ‘Пријатели’. И драго ми е поради тоа, среќен сум што сум завршил добра работа како актер, но кога ќе умрам, што се однесува до моите таканаречени достигнувања, би било добро ‘Пријатели’ да стои далеку зад работите што ги направив додека им помагав на другите.

Знам дека тоа нема да се случи, но би било убаво.“

Чудна опсесија

Неколку месеци пред смртта, Метју Пери бил опседнат со Бетмен и се нарекувал себеси Метмен. Наредил да се стави знакот на Бетмен на дното од неговиот базен, а често носел и облека со овој знак.

Странските медиуми пренесуваат дека оваа опсесија настанала, бидејќи Метју се гледал себеси како Бетмен – богаташ кој сам се бори за правда.

Оваа фатална жена за која сонуваат многумина била покрај Чендлер сè до неговата смрт: Направила нешто неверојатно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.