Три фризури за дами со 40+ години: Не постојат правила, но овие предлози навистина подмладуваат!

Која ви се допаѓа најмногу?

Косата е вашиот личен печат, а фризурата е индивидуален избор, но со овие мали совети од експерти може да изгледа уште подобро

Која е најдобрата фризура за жени повозрасни од 40 години? Секоја што прави да се чувствува удобно и самоуверено. И покрај општото мислење, не постојат строги правила кога станува збор за „вистинските“ фризури за жени на одредена возраст.

На пример, еден од најголемите митови за косата е дека повозрасните жени не можат да имаат долга коса.

„Косата е многу личен избор и би требало да го отсликува вашиот индивидуален стил“, вели Марк Даниелс, фризер во салонот „Нунцио Савиано“ во Њујорк.

„Сè се сведува на тоа што прави да се чувствувате добро.“

Меѓутоа, постојат одредени стилови што се поласкави, бидејќи вашите карактеристики и косата се менуваат со годините. На пример, можеби во вашите 20-ти и 30-ти години сте сакале да ги испробате сите трендови за боја на коса, а сега само ја барате најдобрата нијанса за тенот на вашата кожа. Или можеби сакате фризура за која ќе ви требаат само неколку минути за да изгледа фантастично или фризура што ќе направи да изгледате помладо. Еве неколку предлози…

Долга брановидна коса

Долгата коса со благи бранови навистина може да биде една од најдобрите фризури за жени постари од 40 години.

„Постојат предрасуди дека долгата коса кај зрелите жени претставува обид да изгледаат помладо“, вели фризерката Кристин Браун, глобална амбасадорка на „Олаплек“.

„Мислам дека тоа е апсолутно смешно и далеку од вистината“.

Браун смета дека долгата коса, всушност, може да ги омекне цртите на лицето, кои имаат тенденција да стануваат поостри како што стареете. За да добиете меки бранови како овие на фотографијата, користете тркалезна четка додека ја сушите косата или размислете за производи за виткање без топлина, со кои ќе можете и да преспиете и утредента да имате фризура.

Краток боб

Со кратката коса до брадата можете да постигнете неверојатно разновидни фризури. Без разлика дали ќе ја оставите косата права, во благи бранови или со големи кадрици. Оваа фризура му дава префинет изглед на лицето и ја нагласува женственоста. Можете да имате и благи слоеви за да ѝ дадете повеќе структура и димензија на косата. Исто така, може да си поиграте и со различни нијанси на прамените. Како и за претходната фризура, се препорачуваат производи за виткање без топлина, за што помалку да ја оштетите косата.

Долг боб

Многу слична на претходната фризура, само должината на косата варира под рамениците. Може да го направи лицето пополно и да ве направи помлади. Можете да го нагласите волуменот на косата со благо тапирање и исто и оваа фризура не мора да биде потполно рамна, туку можете да направите благи степени. Ваквиот тип на фризура е идеален, како за рамна коса така и за брановидна.

Најважно е косата да ви биде негувана и здрава. Доколку ја третирате со различни уреди за стилизирање, претходно задолжително добро хидрирајте ја со маски или заштитете ја со производи за заштита на косата од високи температури.

Летни фризури 2023: Изберете, па покажете му на вашиот фризер!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.