Летни фризури 2023: Изберете, па покажете му на вашиот фризер!

Ве инспирираме

Долга или пократка коса? Класичен или модерен стил? Изберете, па покажете му на вашиот фризер!

1 Елегантен боб

Оваа фризура е сè уште актуелна, а совршена е за лето бидејќи можете да ја обликувате без напор. Измијте ја косата и додека се суши, едноставно ставете ја зад ушите – ова ќе им даде на шишките лабав бран.

Покрај тоа, изгледа совршено и како „влажен изглед“. Што се однесува до должината, изберете помеѓу должина до рамената, како Џенифер Гарнер или скратете ја косата за да ја следи линијата на вилицата, како Хејли Бибер.

2 Долга, рамно потстрижена коса

Оваа фризура може да биде совршена налето. Услов таа да изгледа убаво е косата да биде беспрекорно здрава и негувана.

Трикот е редовно да ја третирате со третмани за нега и сјај, да нанесувате серуми, а корисно е и спиењето на свилена навлака за перница.

За сјајна коса, можете да го користите и ајурведскиот третман со нанесување масло на сува коса и скалп (на пример, кокос, арган или бадем).

Третманот се изведува така што маслото се нанесува на јаготките на прстите, прво добро се масира скалпот, а потоа се шири по целата должина на косата.

Косата се витка во пунџа или плетенка, маслото се остава да дејствува неколку часа, а потоа се мие.

Благодарение на мулет-фризурата можете да ги истакнете вашите уникатни црти на лицето. Оставете подолги прамени на вратот и околу ушите – фризурата ќе биде поженствена, ќе го издолжи лицето и истовремено ќе ја „омекне“ линијата на вилицата.

3 Волумен од 1990-тите

Фризурата на супермоделот а ла Синди Крафорд, со богат волумен во коренот, повторно е во центарот на вниманието.

Воопшто не нѐ изненадува, бидејќи изгледа моќно, а не бара премногу труд за обликување.

Оваа фризура најдобро изгледа на густа, степенеста коса, а се постигнува со големи виклери или тркалезна четка со средна големина.

Откако ќе ја обликувате косата, исчешлајте ја со прстите.

4 Мулет

Најбараната фризура во 2022 година продолжува да биде популарна – можеме да кажеме дека влезе во мејнстримот.

Фризерот Адир Абегел, кој е одговорен за фризурата на Кристен Стјуарт, истакнува дека референции за овој тренд се Пети Смит и Дејвид Боуви, а од неодамна Ријана, Скарлет Јохансон и Мајли Сајрус.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.