Оваа жена спасила живо закопано бебе, а 20 години подоцна занемела од шок! Не ѝ се верувало што ја снашло!

Неверојатно

Оваа жена, која спасила живо закопано бебе, не можела ни да претпостави што ќе се случи 20 години подоцна

Некои приказни ни ја враќаат вербата во добрината и чудата во животот. Една од нив ѝ се случила на жена, која откако отишла на трчање со своите кучиња како и вообичаено, нашла напуштено бебе, закопано живо. Нејзината брза реакција успеала да му го спаси животот, а таа не можела ни да претпостави што ќе се случи неколку години подоцна.

Сè започнало во 1998 година, кога Азита Миланијан отишла на трчање со своите кучиња. Едното од нив, Танго, почнало да душка и да гребе по земјата. Миланијан погледнала малку подобро и видела мали ноџиња како ѕиркаат од земјата. Прво мислела дека е некое животно, но потоа слушнала бебешки плач.

Внимателно почнала да го откопува детето, кое било обвиено во син пешкир. Го зела во раце и го избришала неговото лице прекриено со земја. „Те молам немој да умреш. Јас сум тука со тебе. Те сакам“, му кажала на бебето.

Бебето било префрлено во болница со тешка хипотермија, а докторот ѝ кажал дека е чудо што преживеало. Медицинските сестри го нарекле „бебето Кристијан“. Миланијан го посетила неколку пати и заплакала кога го видела.

Не можела да го посвои, бидејќи неговата приказна била насекаде во медиумите и се плашела дека ќе му влезат во трага. Сакала да остане во контакт со него, но кога било посвоено, не ѝ дозволувале да го гледа.

„Тоа беше фрустрирачко искуство. Сонував дека ќе ме најде, како што се најдовме тој ден“, рекла жената.

Витакер пораснал во дом полн со љубов во Гардени, потполно несвесен како бил пронајден. Неговото средно име било Кристијан, но не знаел зошто го добил.

Подоцна, мајката на еден од пријателите на Витакер ѝ се обратила на радиостаница за да праша дали некој знае нешто за неговото потекло.

Така, се случила долго очекуваната повторна средба.

„Те чекав 20 години“, рекла Миланијан со солзи во очите додека го прегрнувала Метју Витакер.

Жената го одвела до местото каде што го нашла. Заедно се шетале околу местото каде што се виделе првпат и веселото расположение на Витакер брзо се сменило.

Кога се враќале во автомобилот, Миланијан го прашала дали е добар.

„Ова можеше да биде мојот гроб“, рекол тој со кнедла во грлото, а таа седнала покрај него и слатко му кажала:

„Ти си сакано дете“.

Погледнете ја нивната средба во видеото во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.