Целиот Холивуд им се восхитува на децата на Метју Меконахи: Неговите воспитни методи се ГЕНИЈАЛНИ!

Ова се неговите 3 важни правила

Метју Меконахи со гордост го донесе семејството на црвениот килим и, во таа пригода, ги покажа пораснатите и добро воспитани деца

Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвас излегоа на црвениот килим во придружба на своите три деца: Ливи (15), Вида (14) и Ливингстон (11). Поводот беше настан на непрофитна организација, со цел поддршка на децата. Се забележува колку се пораснати децата на славниот актер и на славната манекенка, а и на кого личат.

Метју Меконахи никогаш не криел дека имал тешко детство, но и дека е благодарен за сите лекции, извлечени од тоа тешко искуство. Оттука, самиот ги осмилил правилата за воспитувањето на своите деца,  коишто ги следи и неговата сопруга Камила.

„Во нашиот дом не е дозволено лажење. Не е дозволено да се вели ‘не можам’ и целосно е забрането да се изговори зборот ‘омраза’ Поради тие три збора можете да западнете во неволја во нашиот дом“, вели тој.

Најважно им е децата да им бидат скромни и не сакаат децата да им се чувствуваат лошо поради семејната слава.

„Постојано им нагласувам, ако некој на училиште им каже ‘Сигурни сме дека живеете во голема куќа зашто татко ви е славен’, да не ја наведнуваат главата. Ги советувам, подобро да ги погледнат во очи и да им кажат: ‘Да, живееме во убава куќа. Нашиот татко навистина многу работи за да биде успешен.’“

Меконахи сака неговите деца да бидат грижливи и способни млади луѓе, но, пред сѐ, им посакува да имаат анонимност и да уживаат во животот – сето она коешто тој, во поголемиот дел од својот живот, го немал.

Имено, од неодмна откри колку бил турбулентен неговиот однос со мајка му Кеј, со којашто не разговарале цела деценија.

„Се сеќавам кога во една пригода ѝ се јавив на мајка ми, веќе бев славен, но таа не беше единствената на линијата. Жената што го држеше телефонот била моја обожавателка. Сето она за коешто разговаравме, три дена подоцна се најде во весниците. ’Мамо, тоа требаше да остане само меѓу нас’“, раскажува актерот.

Додава дека неколку пати ѝ имал кажано да не споделува такви информации по медиумите, што како мајка би требало да го знае и да го испочитува тоа. Капката што ја прелила чашата било интервју што го дала од нивната родна куќа, во коешто го покажувала креветот на којшто Меконахи ја изгубил невиноста, откривајќи сочни детали.

Многу познати ѕвезди доживеале слични сценарија, но Меконахи вели дека збогувањето е клучно за здрав живот.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More