„Го прекинав контактот со ќерката и зетот“: Сега жал ѝ е што не го направила тоа порано

Станала посреќна откако го прекинала односот со ќерка ѝ

Исповедта на оваа жена која го прекинала контактот со ќерката и зетот претставува голема лекција за сите родители

Љубовта кон децата, особено кон внуците, е неизмерна и родителите се подготвени да направат сè за нив. Неретко се случува родителите, како и бабите и дедовците, да ги стават своите наследници пред себе, давајќи им предност на нивните потреби. Но примерот на оваа жена докажува дека тоа никако не е паметна одлука.

„Знам дека повеќето луѓе се убедени дека бабите мораат да прават одредени работи за своите деца и внуци, истото го мислев и јас, но сфатив дека тоа не е така едноставно. Мора да постојат граници. Верувам дека децата, со чест на исклучоци, се многу неблагодарни. Се трудат да ги искористат сите расположливи привилегии што ги имаат како наши деца. А потоа, ако навистина си добар и великодушен како мене, наскоро почнуваат да земаат сè здраво за готово. Кога го сфатив тоа, застанав и пресеков“, жената си ја отворила душата.

Кога престанала да им помага и да им биде постојано на располагање, резултатот бил очекувано лош. Ќерката ја прекинала секоја комуникација со госпоѓата како мајка, баба и свекрва.

„На децата им велат дека сум лош човек, и секако, не смеат да ме видат. На почеток, сето тоа беше страшно, но како што минуваше времето, сè повеќе сфаќав дека сум постапила правилно. Сега имам многу повеќе време, мир и дефинитивно многу повеќе пари во паричникот. Од друга страна, ќерка ми и зетот се во тотален хаос“, искрено раскажала таа.

Иако има 65 години и официјално е пензионерка, сè уште е многу успешна бизнис-жена.

„Сè уште успешно водам приватна компанија. Имам многу богат живот, иако формално сум во пензија. Свесна сум дека тој пресек требаше да го направам многу порано, односно не смеев да дозволам да се развие толку нездрава врска. Да го направев тоа, сега, парадоксално, би се сакале повеќе, а не помалку. Како и многу други мајки и баби, мислев дека го правам тоа за доброто на моите деца, но излезе дека тоа не е добро за никого“, заклучила жената.

И познати психолози предупредуваат дека најважно е родителите да го научат детето да биде самостојно во секој поглед. Безусловната помош кога наследниците имаат некаков проблем, всушност, е меч со две сечила. Од друга страна, кога првпат ќе кажете „не“, доаѓа до рапидно нарушување на односот. Децата нема да имаат разбирање за вас, бидејќи така сте ги навикнале, туку ќе се налутат, неоправдано мислејќи дека сте станале себични.

Зошто многу деца и внуци ги занемаруваат своите родители во староста? Лав Толстој со 1 реченица го одговорил ова прашање
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.