Трауматично искуство на популарната тиктокерка: По естетската корекција и напукнала главата! (ВИДЕО)

Хорор...

Атрактивната русокоса Вероника, инаку популарна тиктокерка неодамна ги шокираше фановите кога објави видео со објаснување дека доживеала несреќа по една естетска интервенција.

Вероника со авионот се враќала од Турција, неколку часа подоцна откако била направена интервенцијата, кога буквално и „експлоадирала“ главата, а станува збор за „мачкини очи“.

„Бевме во авион, беше ладно, па отидовме на спиење, бидејќи патувавме од два наутро, а јас се разбудив поради силни болки. Се ме болеше многу. Станав, отидов то тоалет и слушнав пукање, а срцето ми куцаше забрзано“ – рекла инфлуенсерката.

@polish_99 Replying to @Apple User424679 ♬ original sound – ANTHONY ADAMS


Таа објаснила дека за операција се одлучила неколку часа пред таа и нејзиното момче да имаат лет. За време на естетскиот зафат, хирургот прави рез на надворешниот агол на капакот, ја прережува тетивата, ја затегнува и ја повлекува во крената положба, а потоа ја зацврстува со штрафови, пред да го зашие резот.

Меѓутоа, според нејзините зборови, хирургот кој ја правел интервенцијата бил во брзање, па заборавил да и даде документ која покажува дека има лекарско одобрување да патува со авион. На Вероника не и било дозволено да се качи на авионот без документот. Главата и била во завои, се качила на авионот, а во еден момент слушнала дека нешто пукнало, тогаш сфатила дека работите тргнале во лош правец.

„Пукна резот над моето уво и тоа прилично гласно. Веднаш после тоа почнав да чуствувам како топла течност ми тече низ вратот – очигледно тоа била крвта“ – рекла Вероника.

 

@polish_99I have really tried to be as concise as possible but I am going to do a part 2 now, I won’t make you wait

♬ Bad Habit – Steve Lacy

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.