Денес е милионерка, а едвај врзуваше крај со крај: Еве што правеше Јелена пред да се омажи за Новак (видео)

Излезе на површина минатото на Јелена Ѓоковиќ

Деталите од нивниот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста

Јелена и Новак Ѓоковиќ важат за еден од најхармоничните парови на овие простори, а деталите од нивниот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста.

Иако се чинеше дека знаеме се за нив, минатото на Јелена Ѓоковиќ остана скриено од јавноста.

„Јелена секогаш се разликуваше од сите нас, беше амбициозна девојка. Таа сакаше да тренира, да учи, да работи, а нашите врсници тоа не го разбираа баш. Сега, кога ќе погледнам од оваа дистанца, добро е што беше вредна и упорна девојка. Тренираше тенис во текот на основното училиште и оттаму потекнува нејзиното запознавање со Новак. Таа и нејзината сестра сакаа да заминат во странство, а еден од начините да го постигнат тоа беа спортските стипендии, бидејќи нивните родители немаа пари“, откри пријателката на Јелена.

Според истата пријателка, поради проблеми со пари, Јелена и Новак не можеле често да се гледаат, а времето поминато заедно се труделе да го искористат на најдобар можен начин.

„Организацијата на нивните средби се граничише со научна фантастика. Таа беше студентка која едвај можеше да заштеди пари за да замине во странство, а тој беше тенисер кој немаше пари да финансира толку скапо патување. За нив, авионите претставувале вселенски бродови до кои не можеа да стигнат. Се прчеа на секој можен начин. Тие беа поддршка еден на друг, тој доаѓаше кај неа кога полагаше испити, а таа кај него на турнири“, додаде таа.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.