Неверојатна снимка од породување во авион: Патниците зачудено ја гледале интервенцијата, со аплауз го поздравија бебето (видео)

И чуда се случуваат...

Живо и здраво!

Понекогаш навистина се случуваат чуда. Доказ за тоа е видео кое е направено на почетокот на месецот. За време на авионски лет една жена добила симптоми на породување, но во тој момент авионот не можел да се приземи.

Породилните болки се зголемувале, а патниците едноставно останале шокирани, не знаејќи дали и како можат да помогнат. По кратко време започнало породувањето и жената на свет донела здраво и живо дете.

Целиот екипаж останал присебен и побарал итно слетување на најблискиот аеродром. Според тоа што може да се види на видеото авионот слетал во Турција. По слетувањето, група болничари влегоа во авионот и побрзаа накај идната мајка додека патниците го поздравуваа нивното пристигнување.

Породувања за време на лет се вистинска реткост. Фирмата за медицинска поддршка MedAire посочува дека тоа се случува еднаш на 26 милиони патници.

Д-р Пауло Алвес, глобален медицински директор на компанијата, рече:

„Раѓањето во лет е многу, многу ретко, и кога ќе ги погледнете случаите, тие беа неочекувани – тие беа предвремено родени бебиња“.

Меѓу другото, тој додаде и дека породувањето во авион носи свои предизвици:

„Тоа не е најдоброто место за породување, поради многу причини. Како прво, воздухот е поредок, па на бебето му е потешко да дише. Тоа е како да се породите во Мексико Сити, на некоја голема надморска височина”.

Сепак овој случај доби среќен епилог, а дали новороденчето ќе добие доживотна авионска карта се уште не е познато.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.