Ѓоковиќ слета во Малага, социјалните мрежи зовреа: Никој не остана имун на неговата куса, но бомбастична изјава!

Со лесно, со среќа...

Ќе му успее ли и овој пат?

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во Малага призна дека нема простор за да се опушти, бидејќи до крајот на сезоната му остана уште финалето на Дејвис купот.

Ѓоковиќ откако пристигна во Малага им се придружи на репрезентативците на Србија кои се на Завршниот турнир од Дејвис купот. Сепак на ова патување тенисерот не тргна сам. Како што соопштија од Тенискиот сојз Србија друштво му правеле двете деца, синот Стефан и ќерката Тара.

„Нема замор, допрва треба да се игра финалето на Дејвис купот и затоа нема опуштање“, изјави Ѓоковиќ по слетувањето во Малага.

За потсетување, Ѓоковиќ во неделата го победи Синера 6:3, 6:3 во финалето на АТП Мастерс во Торино. Српскиот тенисер по седми пат во кариерата триумфираше на завршниот мастерс во сезоната.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.