Конечно достапни официјалните информации од допинг тестот на Ѓоковиќ: Официјалното соопштение ги разочара многумина!

Дали ваков потег му требаше...

Само тој си знае…

Новак Ѓоковиќ, легенда на српскиот и светскиот тенис, последниот период помина низ доста турбулентни моменти. Во медиумите се појави вест дека Новак за време на Дејвис купот не сакал да направи допинг тест, па некои од неговите обожаватели го осудија поради тој чин.

Ваквите бурни реакции доаѓаат бидејќи славниот тенисер со години не е подложен на вакви тестови, бидејќи очигледно е дека неговите успеси се последица не само на талентот, туку и на многу тренинзи, исхрана како и сериозна посветеност.

Сепак и покрај ваквата вистина дел од британските медиуми шпекулираа дека Ѓоковиќ има причина зошто го одбива тестирањето иако имаше опција да избере дали истиот ќе го направи пред или по Дејвис купот.

Но откако Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е најдобар на светот во својата област без проблем седна на предизвикувачката маса и го направи тестот. Со тоа потврди дека не е „жртва“ на било која недозволена супстанца.

„Благодарение на форматот на тимско натпреварување, вклучително и Дејвис купот, секој тим може да избере кога ќе го направи тестот, пред почетокот на натпреварите или по завршувањето. Од моментот кога тимот ќе го добие известувањето дека треба натпреварувачот да даде примерок за анализа јасно е дека ќе биде мета на истражување. Според тоа ништо не менува дали пред или после мечот ќе се земе примерок, особено што после натпреварите е многу поголема концентрацијата на урината“, рече тенисерот.

Овој факт, дека Новак не користи никаков недозволен допинг, веројатно ги растажи сите оние кои со сите сили се обидуваат да ги оспорат сите негови успеси. Со ваквите резултати од тестот тој само си потврди дека е пред уште поголеми предизвици, докажувајќи по кој знае кој пат дека е сам на врвот на успесите!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе