Ѓоковиќ бил во врска „српската Џеј Ло“: Малку се знае за бившата на Ноле која сега заработува по 30 000 евра од вечер!

Залудно не ја викаат „српската Цеј Ло"...

Во 2014-та година Новак Ѓоковиќ се венча со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, но малкумина знаат дека пред неа бил во емотивна врска со друга атрактивна дама.

Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во помладите денови го поврзуваа со многу убавици. Една од оние кои успеаја да му го освојат срцето е Лидија Поповиќ. Тоа беше пред српскиот тенисер да стане универзално популарен и најдобар тенисер во светот.

Лидија Поповиќ е познатa диџејка, настапува под името Лејди Ли и има 2 милиони следбеници на  Инстаграм, а пред две години имаше повеќе од 80 странски настапи, главно во Азија, а од еден наводно заработила и до 30.000 евра.

Лидија Поповиќ ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, а во едно од интервјуата открила каков бил нејзиниот однос со Ѓоковиќ.

„Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во светот на спортот. Ноле секако не е папучар… Новак е друштвено и џентлменско момче, барем јас така го паметам”– изјави Лидија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.