Семејството и тренерите се фаќаат за глава: Сите со неверување гледаат што прави Ноле (ВИДЕО)
Славниот тенисер игра фудбал, а неовото видео ги воодушеви сите.
Новак Ѓоковиќ опуштено и одлично расположено го почнува турнирот во Индијан Велс. Бидејќи верува во својата победа, Ноле не пропушта можност да се забавува и дружи. Па така, додека сите нетрпеливо чекаа да се одигра натпреварот ноќта меѓу саботата и неделата, Новак на својот инстаграм-профил објави видео од него како игра мал фудбал во Индијан Велс.
Најдобриот тенисер играше заедно со пријателите и колегите и со еден маестрален потег и гол се воодушеви самиот и сите присутни. Видеото како Новак Ѓоковиќ игра фудбал ги изненади сите негови фанови, па коментарите под видеото се нижеа:
Каква легенда“, „Браво Новак“, „Човек со многу таленти“, „Подобар од Меси“…
Сепак, нема сомнеж дека не им беше лесно на неговото семејство, тренерите и стручниот тим додека го гледаа како трча по теренот и ризикува да се повреди пред мечот со Александар Вукиќ.
Погледнете:
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм
Коментарите се заклучени.