Се зборуваше дека жена му изгледа толку лошо што срам му е да ја доведе на „оскарите“: А, сега „Опенхајмер“ се појави со неа!

Која е сопругата на Килијан Марфи?

Килијан Марфи со години упорно одбиваше да му ја покаже својата сопруга на светот

Килијан Марфи вчера доби „оскар“ за главна улога во филмот „Опенхајмер“, а многумина сметаат дека среќа му донела токму сопругата Ивон Мекгинис, која досега се нема појавено со него на црвениот килим.

Килијан и Ивон се во среќен брак од 2004 година, но долго ја чуваа својата приватност во тајност и не се појавуваа заедно во јавност. Ваквата одлука претставуваше плодна почва за развој на шпекулации дека Килијан се срами од својата неколку години постара и не толку атрактивна сопруга (барем според холивудските стандарди). Но тие ги замолкнаа сите озборувања кога се појавија заедно на доделувањето „оскари“, среќни и вљубени.

 

Двојката има два сина, Силијан и Аран, кои ги добиле во 2005 и 2007 година, но нивни фотографии речиси и да нема на Интернет, а сето тоа поради тоа што Килијан се обидува да им гарантира анонимност.

А за тоа колку му е важно да остане анонимен и да води приватен, обичен живот, сведочи и следнава изјава на главниот актер во „Опенхајмер“:

„Се возам со автобус, одам во продавница по млеко и правам нормални работи. Би полудел кога тоа би било невозможно. Како актер, би требало да играте вистински луѓе, па така, неопходно е да живеете како нормален човек.“

Досега Килијан никогаш нема зборувано јавно за своето семејство, па сите ги изненади со својот говор додека ја преземаше наградата. Во таа пригода ѝ се обрати на сопругата со зборовите:

„Те сакам“, по што продолжи:

„Две третини од моето семејство седат онде. Моравме едниот да го оставиме едниот дома да подготвува испити. Но само ви благодарам што ме трпевте – трпевте половина од мене, сенка од мене и моето отсуство, остатокот од мене кога работам на ваков филм или кога, општо, работам. Секогаш сте тука. Ви благодарам.“

Никому не му е јасно како се запознале Килијан и Ивон и нема податоци за почетокот на нивната љубов. Само се знае дека се венчале во Прованса, во винаријата на нејзиниот татко.

„Нашата прекрасна винарија го носи името на капелата ‘Нотр Дам де Агнес’, која бдее над нас од врвот на брдото, каде што римските војници некогаш чувале стража, гледајќи преку шарениот мозаик на винаријата до Монт Вентук. ‘Џинот на Прованса’ сега е еден од најголемите предизвици во велосипедизмот“, пишува на веб-страницата на компанијата.

„Овде се одгледува винова лоза повеќе од 2000 години. Во времето додека империи се издигнувале и паѓале, Домејн де Агнес имала многу сопственици, но нејзиниот успех денес се должи на напорите на Англичанец, двајца Ирци и Французин.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cillian Murphy (@cilliciousness)


Како што се наведува на веб-сајтот, таткото на Ивон, Геј МекГинис, ја купил винаријата кога нејзиниот основач се пензионирал во 1992 година.

Триумф на „Опенхајмер“: „Таткото на атомската бомба“ освои седум „оскари“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.