ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА: Ги прогласивме најдобрите и најкорисните производи за изминатата година!

#uizbeautyawards2024

Ви ги претставуваме победниците во сите категории на UIZ Beauty Awards 2024

Некои се појавија во текот на годината, некои се класици за кои (повторно) сфативме дека не можеме без нив… но сите, според нас, се звезди кога е во прашање индустријата за убавина! Се согласивме дека ова се дефинитивно некои од најдобрите и најкорисните производи за изминатата година.

ПАРФЕМ ЗА ЖЕНИ – Versace Crystal Noir EDP

VERSACE CRYSTAL NOIR EDP е чиста фузија на модерни контрасти е врвна изјава за луксуз и женственост. Парфем кој од лансирањето беше предодреден да стане класика, е со деликатен мирис, инспириран од високата мода и како таков е ултимативен додаток на високата мода. Crystal Noir EDP е магичен, сензуален и постојан мирис со  свежата, светла и кремаста гарденија во центарот на композицијата, а базните ноти на килибар и мошус го прават мирисот темен и мистериозен, но истовремено нежен и деликатен.

ПАРФЕМ ЗА МАЖИ – Versace Eros EDP

VERSACE EROS EDP изразува сензуалност и моќ, екстремна сила која што го карактеризира храбриот и страствен човек, слично како Ерос, грчкиот бог чија стрела може да ве натера да се вљубите. Мирис кој не се „плаши“ да се пофали откривајќи ги своите крајности, остар контраст помеѓу исклучително цитрусното и исклучително нежното. Versace Eros EDP е мирисен талисман и симбол на внатрешната моќ и неодоливост на харизматичниот маж.

ХИГИЕНА НА ЛИЦЕ – CeraVe

Уникатната комбинација на активни состојки ги прави производите за чистење лице CeraVe незаменлив дел од рутината за нега. Технологијата мултивезикуларна емулзија (MVE) е патентиран систем на CeraVe, кој обезбедува долготрајна хидратација додека церамидите се есенцијални липиди кои ја формираат природната заштитна бариера на кожата. Сите CeraVe нежни производи за миење лице содржат три есенцијални церамиди за темелно чистење на кожата без нарушување на нејзината природна заштитна бариера. Одберете го од шестте достапни формули производот што одговара на потребите на вашата кожа.

КРЕМ ЗА ЛИЦЕ СО СПФ 50+ – Dream Cream By Enisa Kadrii

Dream Cream By Enisa Kadrii е совршен додаток на дневната рутина за нега на кожата. Овој крем за лице содржи моќна мешавина на состојки кои го штитат, осветлуваат и подобрат севкупниот изглед на кожата. Обезбедува висока заштита од УВА и УВБ зраците, СПФ 50+, состојки за избелување кои помагаат да се осветли и изедначи тонот на кожата како и состојки за поддршка на природното производство на колаген и еластин на кожата, намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки. Ја подобрува циркулацијата и го намалува отокот и темните кругови околу очите како и природни состојки за антиоксидантна заштита и хидратација на кожата

  • Заштитува
  • Корегира
  • Хидрира
  • Осветлува
  • Ново ниво на нега на кожата!

Ново ниво на убавината!

ШАМПОН ЗА СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА – Revalid

Revalid шампонот за стимулација на раст на косата содржи Redensyl®, иновативна состојка која докажано ги обновува клетките во фоликулите одговорни за раст на косата. Составена е од две патентирани молекули, кои во комбинација со цинк и амино киселината глицин, заедно со екстрактот од швајцарска Artemisia и пантенолот чистат нежно, додека ја хидрираат и зајакнуваат Вашата коса. Revalid шампонот за стимулација на растот обезбедува оптимална грижа и ја подготвува косата за третман против опаѓање со Revalid серумот за раст. Без парабени, сулфати и силикон.

ПУДРА ВО ПРАВ – Aura Powderful

AURA POWDERFUL! е моќна пудра во прав со лесна текстура и матирачки ефект. Минералните елементи овозможуваат текстурата на пудрата да се „спојува“ со кожата (skin feel), поради што чувството на лицето е многу пријатно. Минералните елементи не ја сушат кожата и овозможуваат чувство на удобност. Содржи микро честички кои го апсорбираат вишокот на себум и помагаат во неутрализирање на сјајот, со што се гарантира долготраен мат финиш. Редизајнираното пакување и две нови нијанси 05 PINKY и 06 CREAMY ја прошируваат палетата на бои во кои ќе уживате при секојдневна употреба.

МАСКАРА ЗА ДРАМАТИЧЕН ВОЛУМЕН – essence Lash PRINCESS false lash effect

Маскарата essence Lash PRINCESS false lash effect создава ефект на вештачки трепки, а благодарение на четката во облик на конус, трепките ја постигнуваат посакуваната должина и драматичен волумен. Трае долго и не се суши брзо и можете да нанесете неколку слоеви. Гарантираме дека со првиот потег на четката ќе бидете воодушевени од должината на вашите трепки кои ќе бидат виткани како никогаш досега.

КАРМИН ЗА УСНИ – Catrice Scandalous Matte

Карминот Catrice Scandalous Matte има свиленкаста мека, лесна текстура и импресионира со својата високо пигментирана боја и мат финиш. Формулата на овој кармин е збогатена со хијалуронска киселина, шеа путер и масло од маракуја поради што обезбедува влажност и остава долготрајно и пријатно чувство на усните. Карминот Catrice Scandalous Matte може да се нанесе директно на усните или за поголема прецизност нанесете го карминот со четка за усни.

ТЕЧНИ КОНТУРИ И РУМЕНИЛА – Aura Radiant Contour и Radiant Blush

Во светот на неограничените можности за шминкање, ги истакнуваме двата нови бисери на Aura – течните контури Radiant Contour и течните руменила Radiant Blush. Три нијанси контури, инспирирани од нијансите на природата, ќе ви овозможуваат да го истакнете вашето лице за само неколку минути. Нежните и светли руменила доаѓаат во четири нијанси кои ќе внесат магична трансформација на вашето лице. Формулата на овие течни производи е толку лесна што „нема“ да ја почувствувате на кожата, а ќе ви обезбедат допир на модерна елеганција и софистицираност. Без разлика на сезоната, со овие производи можете да го истакнете вашето лице за секоја пригода со избирање на правилната нијанса која ќе одговара на вашата кожа. Бидете свежи секој ден!

СПРЕЈ ЗА ЗАШТИТА НА КОСА – Revlon UniqOne

ХАЈЛАЈТЕР – wet N wild

ТУШ ЗА ОЧИ – Deborah 24OREEXTRA

ТЕЧНА ПУДРА –  Estee Lauder Double Wear Stay in Place

ДОДАТОК ВО ИСХРАНА – Jamieson Collagen Anti-wrinkle

ЛАК ЗА НОКТИ – O.P.I  Nail Lacquer

МАСКА ЗА ЛИЦЕ – Garnier Hydra Bomb

СЕНКИ ЗА ОЧИ –  Maybelline the blushed NUDES

STYLING SUPERSTAR – ДАНИЕЛ НИКОЛОВСКИ

Во морето производи, вреди да се издвои и една суперѕвезда меѓу професионалците за убавина кои со своите вешти раце се грижат за нашиот изглед. Нашите следбеници и читатели на списанието „Убавина и здравје“ го изгласаа познатиот стилист Даниел Николовски.

Сите тие заслужено го носат префиксот НАЈ:

  • најпродавани,
  • најбарани,
  • најпосакувани,
  • најпопуларни,
  • најиновативни,
  • најефикасни…


Следете го нашиот инстаграм-профил @ubavinaizdravje.mk за да учествувате во ДАРУВАЊЕТО вредни подароци од нашите и вашите ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.