Неволите во рајот беа составен дел од нивната љубов: Новак и Јелена ВАКА го пребродија најтешкиот период

Љубовта на Ноле и Јелена ставена на тест!

Откако Јелена Ѓоковиќ ги заврши студиите во Милано, Новак Ѓоковиќ и таа имаа малку повеќе време да се гледаат и да живеат заедно. Новак во тоа време веќе напредуваше во тениската кариера, па заедно со Јелена донесе одлука да се преселат во Монако и таму да почнат заеднички живот. Сепак, таму ги очекуваа нови пречки – љубовта на Ноле и Јелена беше ставена на тест…

Три години по почетокот на нашата врска, стигнавме до пресвртница. Решивме да живееме заедно. Но беше тешко да се најде работа во Монако. Се’ е „затворено“, но случајно се вработив во нафтена компанија – зборуваше Јелена за почетните денови во Монако…

Но по извесно време, Ноле и Јелена сфатија дека не се среќни на тој начин, бидејќи живееја заедно, но повторно немаа можност да посветат време еден на друг.

Работев таму една година и тоа беше невозможна мисија за нашата врска. Новак во еден момент ми рече дека не можеме повеќе така. Додека студирав, точно знаев кога сум слободна и кога можам да му се посветам. На работа, деновите ги поминував во канцеларија и нашата врска беше ставена на тест. Затоа баравме друго решение – се сеќава Јелена овој период.

А идејата која им ја спаси врската беше Јелена да стане директорка на фондацијата Новак Ѓоковиќ преку која ќе почне да организира голем број хуманитарни акции, но и да има можност постојано да биде со Ноле во неговите спортски натпревари.

Отсега Јелена ќе ја претатсвувам како моја свршеница и идна сопруга… Почнува навикнувањето. Слатки маки. Многу сме среќни – изјави Ноле по свршувачката со Јелена.

Непосредно пред венчавката, Новак објави нова среќна вест, која дефинитивно го означи крајот на сите маки кои мораа да ги издржат за да им успее врската. Јелена беше бремена!

Со мене доживеавте многу убави и тешки моменти во кариерата. Не би можел да бидам посреќен бидејќи имам здравје, љубов и Бог ме благослови со тоа да очекувам нов член на семејството со мојата Јелена. Јелена е бремена – Новак ја објави среќната вест.

За неколку месеци се роди нивниот син Стефан, кој дотогаш беше круна на нивната љубов, а три години подоцна Новак и Јелена ја добија ќерката Тара.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.