Сара Јо: „Живеам на две адреси заради љубовта“

Фото: Лука Степановиќ

Пејачката открива дека, освен со новиот албум, нејзината последна година ја одбележале и чести патувања – на кои „уживала со својата словенечка половина“.

Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, изминатиов период беше ангажирана во целиот регион, најмногу благодарение на нејзиниот нов албум, но и поради добро познатиот факт дека Сара апсолутно владее на сцената, има одлични вокални способности и секогаш се бараат влезници за нејзините настапи.

Сара и во приватниот живот е во постојано движење – вљубена е во словенечкиот танчар и кореограф Жиго Шотлар, поради кого сега живее на две адреси. За нашиот магазин, Сара зборува за помалку познати детали од нејзиниот живот, за кариерата, како и за плановите за иднината…

Во текот на минатата година фокусот ми беше на новиот албум ’Без контрола’, на кој работевме последните две години. Да не форсирав, можеби сè уште немаше да биде објавен бидејќи не е лесно да се вклопат повеќе луѓе, особено што не сум единствениот перфекционист во тој тим. Сите сакаа да го ’полираат само уште малку’, но во еден момент пресеков – сега или никогаш. Минатата година мојата главна новогодишна желба беше токму тој албум. Многу сум среќна што ја исполнив. Исто така, оние што ме следат на социјалните мрежи можеа да видат како уживам со „мојата словенечка половина“. Пред само неколку дена сумиравме дека не сме ни свесни колку бидејќи животот ни беше пребрз, ни раскажува Сара.

Дали ви се смачи од честите патувања?

Жиго и јас често се шегуваме кон крајот на патувањето – се спакувавме за утре да се распакуваме, па повторно да се спакуваме. Живееме на две адреси, Белград и Љубљана, а поради работата, често не сме на ниту една од нив. Патувањето беше предуслов за нашата врска од самиот почеток. Се случува кога Жиго е на турнеја со некој пејач и јас да одам на пат како негова поддршка, а и тој се труди да биде присутен на моите настапи.

Каде поминувате повеќе време – во Белград или во Љубљана?

Во Белград, бидејќи и Жиго има многу деловни обврски во Србија. Секогаш кога ќе успеам да спојам неколку слободни дена одам во Словенија. Неодамна бевме во Словенија повеќе од една недела, пред тоа некое време бевме во Италија, па дури и премиерата на спотот „Тако ходам“ ја доживеав одејќи низ Љубљана, а потоа и покрај езерото Блед, па повторно во Љубљана.

Дали некогаш сте почувствувале дека ја губите контролата и како реагиравте во тие моменти?

Албумот не го доби случајно името. Песната „Дивља“, која можеби најдобро „котира“, почнува со стихот – „Без контрола“. Контролата, како желба да држам ги држам сите конци, да надгледувам и проверувам, го означи мојот деловен, но и мојот приватен живот. Во суштина, албумот беше голем напор да се растоварам малку и да чувствувам помалку стрес.

Многу ми помогна како изведувач и како човек. Искуството ме научи дека кога максимално се трудите да ги држите работите под контрола, повисока сила ве потсетува дека тоа не е животот, дека ние не сме роботи и дека, едноставно, треба да бидеме подготвени за непредвидени околности. Понекогаш работите излегуваат најдобро токму кога се создадени во такви услови.

Покрај мноштвото обврски и патувања, наоѓате ли време за тренинг?

Од 2014 година кога ја запознав Јасмина Александров тренирам исклучиво со неа. Бев доста редовна, но да бидам искрена, тоа не важи за минатата година. Многу ми беше тешко да се тренирам покрај сите обврски, иако понекогаш имавме онлајн-тренинг. Враќањето на тренинзите е една од моите новогодишни резолуции.

Дали јадете сѐ што сакате или внимавате што има во вашата чинија?

Моите пријатели и колеги знаат дека сите пари би ги потрошила на храна. Кога патуваме некаде, сакам да го соберам тимот и да уживам во убав ресторан, а пред тоа се посветувам на истражување „што да пробам“. Блед, на пример, е познат по своите пити со крем, но има и многу други одлични десерти и други јадења.

Каде наоѓате инспирација за сѐ што правите?

Не е лесно да се одговори на ова прашање бидејќи верувам дека публиката ги слушнала сите можни одговори на ова прашање. Факт е дека, како пејач, најпрво сте формирани од музиката што сте ја слушале кога сте биле мали. Колку повеќе старееш, толку повеќе се вртиш кон животните приказни, кои не мора нужно да бидат автобиографски. Понекогаш дури и навидум обична ситуација може да ве „трогне“.

Сѐ се менува со текот на годините, едноставно, кога еден извор ќе се исцрпи, одиш на нов, но, рака на срце, понекогаш му се враќаш на стариот…

Неодамна наполнивте 30 години. Дали чувствувате дека времето минува премногу брзо или чувствувате дека најдоброто допрва доаѓа?

Јубилејниот роденден ме натера да сфатам колку брзо минува времето и дека тој е највредното нешто што го имаме, па затоа треба да се искористи што е можно помудро. Секогаш се водам од фактот дека најдоброто допрва доаѓа затоа што верувам дека човекот се развива во текот на целиот свој живот.

Да можете да го вратите, дали би прескокнале некои работи во кариерата?

Мислам дека ништо не би прескокнала. Се разбира, како што имав многу убави искуства, имав и други, но и од нив извлеков поуки. Јас не сум човек што жали или што премногу размислува за минатото бидејќи тоа не би имало многу смисла. Фокусот треба да биде на сегашноста и иднината.

Разговарала: Надежда Јокиќ

Фото: Лука Степановиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.