Дали Тејлор Свифт потајно стапила во брак со поранешното момче Џо Алвин? Пејачката ги демантира озборувањата!

Трач или вистина?

Тејлор Свифт ги демантираше гласините дека тајно се омажила за поранешното момче Џо Алвин пред нивната шокантна разделба на почетокот на 2023-та година.

Долгогодишниот публицист на пејачката Три Пејн, во четвртокот на Твитер „удри” по трач страницата DeuxMoi која на Инстаграм споделува непотврдени озборувања за познати личности, по објавата во која се тврди дека Свифт и поранешното момче Џо Алвин тајно се венчале во 2020-та или 2021-та година.

„Доста е со овие измислени лаги за Тејлор. НИКОГАШ немало никаков вид на брак или церемонија. Ова е лудост“, напиша Пејн на X (поранешен Твитер). „Време е вие да одговарате за болката и траумата што ја предизвикувате со ваквите објави.”

На почетокот на оваа година беше објавено дека Свифт и Алвин раскинале по речиси шест години врска, a сега познатата пејачка е заедно со ѕвездата на НФЛ Тревис Келче.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.