Јелена и Новак овој специјалитет им служат на сите гостите: Вкусно, здраво, а и брзо се подготвува (рецепт)

Не можеш да застанеш само на едно парче!

Рецептот за солени мафини на Новак Ѓоковиќ е совршен…

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, веројатно немаше да биде тоа што е доколку со години не се грижеше за она што го внесува во своето тело. Неговото мени вклучува здрава храна секој ден.

Иако јаде по посебен режим, едно од оние јадења што ги јаде тенисерот го сакаат сите, а ние ви го пренесуваме рецептот на Новак Ѓоковиќ кој сигурно ќе ви се допадне.

Мафините што ги јаде Ноле се прават без пченично брашно, бидејќи се знае дека тенисерот е алергичен на глутен. Овие мафини може да се комбинираат со многу зеленчук, но највкусни се со блитва. Овие мафини се идеални како предјадење, бидејќи се и вкусни и привлечни за око.

Фото: Инстаграм

Состојки:
2 јајца
1 чаша кисела вода
половина чаша масло
прашок за пециво
1 чаша пченкарно брашно
чаша палента
половина лажичка сол
200 гр блитва

Подготовка:

Јајцата се матат, па се додаваат пченкарното брашно, прашокот за пециво, киселата вода и маслото. Само кратко сварете ја блитвата, па исечкајте ја на ситни парчиња. Додадете ја во смесата за мафини и добро измешајте, но нежно.

Истурете ја смесата во калапите, но само до половина од корпите, бидејќи смесата ќе нарасне.

Се печат во рерна загреана на 220 степени околу дваесет минути.

Фото: Инстаграм и Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.