Лоши вести од домот на славниот тенисер, се огласи Јелена: „Повраќав три дена и ослабев четири килограми“ (фото)

Со лесно...

Здравјето нема цена…

Јелена Ѓоковиќ и нејзиниот начин на живот често предизвикуваат бура од реакции во јавноста. Според многумина, принципите до кои таа се придржува се чудни и необични, особено не применливи во секојдневието на повеќето луѓе.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ се осврна на еден од најпопуларните пијалоци откако постои светот – кафето.

„Не пиеш кафе? Навистина никогаш? Ниту наутро? Дали си сигурен? Тогаш како си будни во текот на денот“, напиша Јелена на Инстаграм, упатувајќи шрашање до своите следбеници, но и откривајќи дека и самата не е консумент на кафе.

„Не користам кофеин во ниедна форма. Ниту пијам зелени чај. Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене е порок кој што може да предизвика зависност од која не би можела да се ослободам. Никогаш не ми се допадна помислата да ја изгубам контролата над моето тело“, додаде Јелена.

Јелена во една прилика откри дека во животот пробала кафе, но пред многу години.

„Не ми се допадна. Всушност, повраќав цела ноќ после тоа. Пробав и цигара, па цела ноќ повраќав. Пробав алкохол, повраќав три дена и ослабев четири килограми за тоа време“, изјавила Јелена.

Според сето тоа, нејзините денови на испробување на „возрасните навики“ одамна завршиле.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.