Драма на небото: Пилот породил жена во авионот: Погледнете ги фотографиите!

Ова ретко се случува, но персоналот мора да биде апсолутно подготвен на се’.

Тајландскиот пилот може да додаде уште една титула на своето име по летот кој сигурно никогаш нема да го заборави.

Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, пилотот Јакарин Сарарнаракскул управувал со авионот VietJet од Тајпеј, Тајван кон главниот град на Тајланд, Бангкок, кога во него се случила вонредна ситуација за која била потребна помош.

Јакарин без размислување ја напуштил пилотската кабина на авионот откако кабинскиот екипаж му кажал дека една жена се пораѓа во еден од тоалетите во авионот, пренесува „Вирал прес“.

Оставајќи го својот копилот да управува со авионот, Сарарнаракскул се упатил кон идната мајка и ѝ помогнал да го роди бебето додека авионот се’ уште бил илјадници метри во воздух.

Сарарнаракскул изјави дека никогаш порано не породил жена – дефинитивно не во текот на неговите 18 години како пилот, но дека е горд што можел да учествува во овој благороден чин.

Болничарите го чекале авионот кога слетал во Бангкок, Тајланд, по што било потврдено дека и мајката и бебето се добро и здрави.

Бебето до крајот на животот ќе може на сите да им кажува дека е родено во воздух. Се чувствувам горд што можев да помогнам да го донесам на свет – рекол пилотот за новороденото момче.

Сарарнаракскул соопштил дека екипажот на бебето му го дал прекарот „Небо“ во чест на неговото хаотично раѓање на небото. Пилотот не прецизирал дали има некакво медицинско познавање што придонело за безбедното породување.

Инаку, Јакарин е татко на едно дете и е пилот веќе 18 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.