Пилешко во сос од домати: Меко, сочно и вкусно!

Никој не може да одолее на ова јадење…

Дали сте подготвени за совршен, вкусен оброк? Имаме одличен предлог за вас – пилешко во сос од домати.

Ова јадење не само што е вкусно, туку е и здраво, тајната е во сосот од домати. Дали знаевте дека варените домати се поздрави од свежите? Тое е поради ликопенот, моќниот антиоксиданс кој спречува дури и сериозни болести. Вреден сојузник во борбата против холестеролот се и доматите.

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 250 мл сок од домати
  • 1 лажица ситно сечкан свеж магдонос
  • 1/4 лажичка сушен босилек
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • малку мелена лута пиперка (ако сакате лута)
  • сол и бибер по вкус
  • 2 лажици масло
  • 1 чаша вода

Подготовка:

Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не стане проѕирен. Додадете ситно сечкан лук и пропржете уште една минута.
Додадете го пилешкото и пипер. Гответе додека не ја промени бојата.
Истурете сок од домати и вода. Покријте и варете додека пилешкото не омекне.
Додадете босилек и лута пиперка. Зачинете со сол и бибер. Можете да додадете и други зачини по вкус. Оставете уште малку да се крчка (сосот треба да биде малку погуст). На крај додадете сечкан магдонос. Можете да го послужите пилешкото со варени тестенини, варен ориз или варен компир.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.