Облажете се: Неодолив ролат со чоколадо, кикирики и бадеми!

Предобар десерт...

Чоколадните ролати се секогаш добредојдени, а овој рецепт со додаток на кикиритки внесува нова димензија на ова класично уживање и е совршен за секој!

Состојки:

Тесто:

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 50 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 80 гр брашно
  • 30 гр какао
  • 8 гр прашок за пециво

Фил:

  • 200 гр варено кондензирано млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 гр кикирики, сецкани
  • 20 гр бело чоколадо

Прелив:

  • 150 мл млеко
  • 100 мл кафе
  • 200 гр темно чоколадо
  • 40 ml масло

Декорација:

  • 50 гр шлаг
  • 50 гр бадеми
  • 100 гр кикирики, сецкани

Начин на подготовка:

Подготовка на тестото:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не стане смесата пенеста. Додадете млеко и масло и сè добро измешајте.
Измешајте го брашното, какаото и прашокот за пециво. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180°C околу 10-12 минути. Извадете го тестото од рерна и оставете го целосно да се излади.

Подготовка на филот:

Слатката павлака се мати додека не се стегне. Додадете варено кондензирано млеко и сечканите кикирики, па сè добро измешајте. На крај додадете ситно сечкано бело чоколадо и измешајте.

Подготовка на преливот:

Во тенџере се ставаат темното чоколадо и маслото и се загреваат на тивок оган додека да се растопи чоколадото. Додадете ги млекото и кафето и убаво измешајте додека не добиете изедначена смеса.

Подготовка на ролатот:

Изладеното тесто премачкајте го со подготвениот фил. Внимателно свиткајте го ролатот, користејќи хартија за печење за да го обликувате ролатот. Прелијте го ролатот со подготвениот чоколаден прелив.
Украсете го ролатот со шлаг, исечкани бадеми и дополнителни сечкани кикиритки.

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе