Славниот Дамблдор не ѝ оставил ни скршена пара на љубовницата со која живеел: Имотот ѝ го префрлил на „официјалната“ сопруга

Што мислите, требал ли и на неа да и остави нешто?

Мајкл Гамбон почина на 27 септември 2023 година на 82-годишна возраст, а речиси 6 месеци по неговата смрт, светските медиуми објавија вест која шокираше и разочара многумина.

Како што пишуваат, познатиот Албус Дамблдор од филмовите за Хари Потер и оставил имот вреден речиси 2.000.000 евра на својата сопруга Лејди Ени, додека на синовите што ги имал со љубовницата Филипа Харт не им оставил никаков имот.

Денес Том и Вилијам се тинејџери на возраст од 15 и 17 години, кои добиле по 12.000 евра од тестаментот на нивниот татко, кој бил отворен по неговата смрт. Нивната мајка не добила ништо.

Тестаментот бил составен во 2016 година, а за наследници се именувани службената сопруга и нивниот син Фергус.

„Не ми е гајле. Навистина не сакам да зборувам за ова“ – изјавила долгогодишната љубовница на актерот Филипа.

Филипа и Мајкл биле во јавна врска, па дури и живееле заедно во Западен Лондон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.