Никогаш не користете тоалетна хартија во авион: Стјуардеса ја откри причината, ќе се згрозите кога ќе го прочитате ова!

Ви откриваме досега неоткриени тајни од авионот.

Шер, стјуардеса која често објавува различни видеа на TikTok, неодамна даде три совети како да се однесуваме во авионите.

Имено, има три работи за кои таа верува дека луѓето не треба да ги прават додека патуваат со авион.

Да патувате во кратки панталони

Шер посочува дека во авионите е студено налето, па луѓето се смрзнуваат кога носат нешто кратко, но има уште една многу практична причина.

Да речеме дека има евакуација. Мора да се спуштите по тобоганот, а панталоните ќе ви се кренат до задникот – изјави Шер.

Резервација на билет со префрлување пократко од три часа

Иако летовите со кратки префрлувања се секогаш поевтини, Шер вели дека честл е доцнењето на авионите.

Освен тоа, храната е лоша, на шанкот се чудаци, а часовите шетање низ аеродромот не се забавни за никого. Сепак, стјуардесата смета дека уште нешто треба да се земе предвид. Имено, денеска летовите главно доцнат поради недостиг на персонал.

Веројатноста да го пропуштите вториот лет е голема доколку имате помалку од 3 часа помеѓу пристигнувањето и полетувањето – објави Шер.

Затоа подгответе се за престој на аеродром и за чекање, но и за помал стрес при организацијата.

Користење тоалетна хартија во авионскиот тоалет

Шер истакнува дека тоалетната хартија е испрскана – на неа секогаш се гледаат капки.

Сепак, капките не се од вода, туку од урина. Имено, мислам дека повеќето мажи не можат да стојат во авионот, особено ако има турбуленции – рече таа потсетувајќи на тесниот простор на тоалетот во авионот и на фактот дека хартијата е веднаш до веце-школката.

Таа предлага да се користат сопствени марамчиња што може да се фрлат во тоалетот.

Повеќе детали погледнете во видеото.

@cherdallas Listen to me or dont im just trying to save u #airplanestory #aviationlovers #crewscheduler #flightattendant #flightattendantlife #aviationlife #flightattendantstories #falifestyle✈️ #airportlife #fa #crazyplanelady #travelhacks #airplanevideos ♬ Storytelling – Adriel

Видео: Тикток

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.