Еве како да станете подобар човек и да престанете со озборување: Сократ го знаел вистинското решение!

Сократов метод

Сократ со своите прашања ги поттикнувал луѓето да нурнат во своите длабочини и да станат подобри личности

Старогрчкиот филозоф Сократ оставил неизбришлива трага во историјата на филозофијата. Тој бил познат по својот Сократов метод – им поставувал прашања на соговорниците за да ги наведе да размислуваат за суштината и за подлабоката вистина.

Сократ често поставувал прашања за правдата, доблеста, храброста и другите морални вредности. Неговите дијалози често се занимавале со прашањето што е добро и како да се постигне морално однесување.

Тој имал одлично решение за луѓето кои обожаваат да озборуваат и успевал да ги посрамоти со само 3 прашања.

Имено, еден ден му пришол еден познаник, видно вознемирен, и му кажал:

„Сократ, дали знаеш што дознав за Диоген?“

„Само момент“, одговорил Сократ, „Пред да ми кажеш што си слушнал, ќе направиме мал тест. Се вика ‘тест на троен критериум’“.

„Троен критериум?“

„Токму така. Пред да ми раскажеш за Диоген, ќе го профилтрираме тоа што планираш да ми го кажеш. Првиот филтер е вистината. Дали си апсолутно сигурен дека тоа што планираш да ми го кажеш е вистина?“

„Не, всушност, само слушнав за тоа.“

„Добро, значи не знаеме дали тоа е вистина или не. Да се обидеме со друг филтер, филтер на добрината. Дали тоа што планираш да ми го кажеш за Диоген е нешто добро?“

„Не, напротив…“

„Значи, сакаш да ми кажеш нешто лошо за Диоген, дури и ако не си сигурен дали е вистина?“

Човекот ги слегнал рамениците, малку збунет, а Сократ продолжил:

„Веста сè уште може да го помине тестот, бидејќи постои и трет филтер, филтер на корисноста. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за Диоген ќе биде корисно за мене?“

„Не, мислам дека нема.“

„Па“, заклучил Сократ, „ако она што сакаш да ми го кажеш не е вистина, ниту е добро, ниту е корисно, зошто да ми го кажеш тоа мене или кому било друг?“

Човекот се посрамил и се збунил, а потоа трите Сократови прашања го навеле добро да размисли за својата постапка.

А филозофот му порачал:

„Озборувањето е лоша работа. На почетокот можеби се чини забавно и пријатно, но на крајот, ги полни нашите срца со горчина и нè труе и нас!“

Дали се согласувате со мудриот филозоф?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.