Мајка го спречила синот да направи масакр: Штом го видела ова, веднаш го пријавила во полиција и станала херој!

Како оваа мајка го спречила синот да направи масакр?

Медиумите и денес пишуваат за мајката што го спречила синот да направи масакр во училиште, а нејзината исповед ќе ви го скрши срцето

Тешко може да се замисли дека мајка би можела да си го пријави детето во полиција, без разлика што направило тоа. Овие случаи, сепак, се почести одошто мислиме. Пример за тоа е Никол Шуберт која во 2019 година, средувајќи го својот дом, го нашла дневникот на синот, во кој прочитала детален план за нејзино убиство.

Никол Шуберт го чистела својот дом во 2019 година кога го пронашла дневникот на својот 17-годишен син, каде што тој напишал дека планирал да ја убие, а потоа да го нападне своето средно училиште во Вашингтон.

„Ми се скрши срцето. Не сакав да ги знам деталите“, рекла Никол за медиумите.

Тогаш донела тешка одлука и го пријавила синот во полиција. Тоа го направила бидејќи многу од учениците ги познавала и не сакала да бидат повредени.

„Тоа е мое дете, јас го родив. Многу боли. Сè уште боли. Во тој момент не се работеше само за него и за мене. Се работеше за целото училиште, за стотици луѓе, за стотици деца“, рекла таа.

Оваа мајка смета дека ја донела правилната одлука за својот син.

„Верувам дека спасив животи. Ако постои шанса да се спаси барем еден човек, едно дете, мислам дека вреди да се направи тоа“, рекла Никол.

Нејзиниот син бил уапсен, кој ја признал вината за кривичното дело закана за бомба. Поминал низ ментална евалуација и завршил програма за рехабилитација и општествено корисна работа.

Со оглед на тоа што масовните стрелања се во пораст, Никол се надева дека и другите родители би го направиле истото. Родителите ги посоветувала со овие зборови:

„Очигледно е дека не можеме постојано да ги контролираме постапките на нашите деца. Кој може? Но постојат знаци дека нешто не е во ред – зошто се однесува чудно? Зошто? Зошто е таков кон себе?“, изјавила Никол.

Погледнете го целото нејзино сведоштво во видеото во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.