BYE BYE SUMMER PARTY: Го испративме летото со незаборавна забава, полна со неодолива свежина

#UIZPARTY

Уживавме, се забавувавме, дегустиравме производи и креиравме спомени

На залезот на летото, на 13 септември, се одржа У&3-настан за паметење! Во зелената урбана атмосфера на АТК Премиум Клуб BYE BYE SUMMER PARTY обедини бројни јавни личности, инфлуенсери, драги пријатели и соработници на организаторот на незаборавната забава, „Колор медиа плус“, компанијата издавач на највлијателниот магазин „Убавина и здравје“ и организатор на голем број настани и конференции, меѓу кои и „Профемина“.

Вечерта ја отвори Јована Стојменовиќ, уредничката на магазинот „Убавина и здравје“, која ги поздрави присутните и им најави што сè можат да дегустираат и искусат на забавата полна со неодолива свежина.

 

Златниот партнер на забавата Schweppes ја отвори вратата кон нови можности и искуства и ги освежи бројните гости со своите вкусни коктели, додека тие имаа можност да го прелистаат најновиот број на списанието „Убавина и здравје“ на штосниот кауч во боите на Schweppes Tonic Water.

Присутните беа пречекани со водите на Ladna, кои го претставија својот најнов, иновативен производ – вода со матичен млеч.

Целосното доживување на гостите беше надополнето со крем-ликерот Amarula, вината на Puklavec, напивките на GORDON’S, пивото Brauer и закуските што ги обезбеди Ramstore.

Притоа, посетителите не пропуштија да го посетат штандот на сребрениот партнер на забавата, Универзитетот Скопје, и да се информираат за сите можности што ги нуди. Оваа приватна високообразовна институција претставува бренд во високото образование. Организира додипломски и постдипломски студии на 6 факултети, на кои предаваат врвни професионалци во своите области, овозможува студирање во модерни услови со многу можности за практична работа, и најважно од сè, светски признаена диплома и можности за брзо вработување.

За одличната атмосфера се погрижија Ана Петановска и нејзиниот бенд, кои ги забавуваа гостите со својот разновиден репертоар.

Прекрасен амбиент со уште попрекрасни гости, кои со својата позитивна енергија ја комплетираа оваа незаборавна вечер.

Целосните впечатоци од забавата за паметење можете да ги побарате на:

Facebook: @ubavinaizdravje.mk

Instagram: ubavinaizdravje.mk

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии…

ТЕКСТ: МАРИЈА ЛУКАРЕВСКА

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.