Спектакуларен јубилеј на Sara Fashion: 25 години секогаш повеќе

На 6 април, во трговскиот центар „Дајмонд мол“, многубројните гости и посетители беа сведоци на
спектакуларна модна ревија „25 нијанси розово“, за јубилејниот 25 роденден на Sara Fashion.

„Дајмонд мол“ беше преполн со гости и посетители кои беа дојдени да го прослават роденденот и да уживаат во незаборавната вечер.

Ревијата на која беа претставени модели од колекциите на Sara Fashion, пижами, долна облека, спортска облека и костими за капење, беше вистинско, неповторливо доживување. Спектакуларното шоу изобилуваше со богата визуелна содржина.

Добро раскажаната приказна за брендот предизвика емоции кај присутните и потврди зошто Sara Fashion се вбројува меѓу најпознатите македонски брендови.

Ревијата преку возбудливите колекции измами воздишки и воодушевување кај присутните.

Публиката имаше можност да ужива и во класични но и храбри модни изданија и модели од колекциите на Sara Fashion.

По ревијата, присутните продолжија на коктел-забава, а српскиот бенд Blackberries со својата музика се погрижи за добрата атмосфера и енергија на настанот.

Sara Fashion е една од најпознатите македонски компании, која веќе 25 години постои на пазарот, се развива и поставува нови трендови. Компанијата има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија.

Покрај својот сопствен бренд, Sara Fashion се ексклузивни застапници на светски познати брендови како: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.

Изминативе години компанијата бележи многу успеси меѓу кои и лансирање на својата веб-страница со можност за online шопинг, многубројни кампањи за различни производи (пижами, чорапи, долна облека, костими за капење, Warner Bros колекции), а како една од повпечатливите е фотосесијата со познати модели во костими за капење Sara Fashion што беше направена во Дубаи. Настанот е дел од манифестацијата Fashion Festival.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.